User Guide
12
МАКЕДОНСКИ
9 За лесно чистење, исплакнете го цилиндричниот
блендер со врела вода веднаш по употребата. Немојте
потполно да го потопувате цилиндричниот блендер во
вода.
10 Поставете го цилиндричниот блендер во исправена
положба така што заштитникот за сечилата ќе биде на
врвот и оставете го да се суши најмалку 10 минути пред
складирањето.
XL-сечкач (само HR2545, HR2546)
Компактен сечкач (само HR2542, HR2543)
XL-сечкачот и компактниот сечкач се наменети за сечкање
состојки како што се јаткасти плодови, сурово месо,
кромид, тврдо сирење, варени јајца, лук, зачински билки,
сув леб итн.
Внимание
• Секогаш прво исклучувајте го апаратот од штекер. Бидете
многу внимателни кога ракувате со единицата со сечила
на сечкачот бидејќи рабовите се многу остри. Единицата
секогаш држете ја за пластичниот дел во средината. Никогаш
немојте да го допирате сечилото. Бидете особено внимателни
кога ја вметнувате или отстранувате единицата со сечила
од садот за сечкачот, кога го празните садот за сечкачот,
кога отстранувате храна што се заглавила во сечилата и при
чистењето.
• Немојте да обработувате состојки како што се коцки мраз,
замрзнати состојки или овошје со коски.










