HR2541, HR2542 HR2543, HR2545 HR2546 Упатство за користење
МАКЕДОНСКИ СОДРЖИНА Важно 3 Вовед 7 Општ опис 7 Пред првото користење 9 Подготовка за употреба 9 Користење на апаратот 9 Рачен блендер 9 XL-сечкач (само HR2545, HR2546) Компактен сечкач (само HR2542, HR2543) 12 Маталка (само HR2543, HR2545) 15 Двојна метличка за матење (само HR2546) 18 Чистење 20 Складирање 23 Рециклирање 23 Гаранција и поддршка 23 Решавање проблеми 23
МАКЕДОНСКИ 3 Важно Внимателно прочитајте го ова упатство за користење пред да го користите апаратот и зачувајте го за во иднина. Опасност -- Никогаш не потопувајте го моторот во вода или некоја друга течност и не плакнете го под чешма. За чистење на моторот користете само влажна крпа. Предупредување -- Пред да го вклучите апаратот, проверете дали напонот наведен на апаратот одговара на напонот на локалната електрична мрежа.
МАКЕДОНСКИ -- Ако некоја единица со сечила се заглави, исклучете го апаратот од струја пред да ги отстраните состојките кои ја блокираат единицата со сечила. -- Бидете внимателни кога сипувате врела течност во садот, бидејќи врелата течност и пареата може да предизвикаат изгореници. -- Овој апарат е наменет само за стандардна употреба во домаќинства. Не е наменет за употреба во опкружувања како што се кујни за персонал во продавници, канцеларии, фарми или други работни опкружувања.
МАКЕДОНСКИ 5 -- Секогаш исклучувајте го апаратот од напојувањето ако го оставате без надзор, како и пред склопување, расклопување, складирање или чистење. -- Пред првото користење на апаратот темелно исчистете ги деловите кои доаѓаат во допир со храната. Погледнете ги упатствата и табелата за чистење во прирачникот за корисници. -- Секогаш исклучувајте го уредот од напојувањето пред да заменувате додатоци или да се приближувате до делови кои се движат при користењето.
МАКЕДОНСКИ -- Садот, садот за XL-сечкачот (само одредени модели) или садот за компактниот сечкач (само одредени модели) никогаш немојте да ги полните со состојки чија температура е поголема од 80°C/175°F. -- Не надминувајте ги количините и времињата на обработка наведени во табелата. -- Чистете ја единицата со сечила на цилиндричниот блендер под млаз вода. Никогаш немојте да ја потопувате единицата за напојување во вода. -- По чистењето оставете го цилиндричниот блендер да се исуши.
МАКЕДОНСКИ 7 Вовед Ви честитаме за купувањето и добре дојдовте во Philips! За да целосно ја искористите поддршката што ја нуди Philips, регистрирајте го вашиот производ на www.philips.com/welcome.
МАКЕДОНСКИ 11 1 2 8 12 3 4 13 HR2545 HR2546 5 HR2541 HR2542 HR2543 HR2545 6 9 14 15 16 7 HR2543 HR2545 10 HR2546 HR2542 HR2543
МАКЕДОНСКИ 9 Пред првото користење 1 Пред првото користење на апаратот темелно исчистете ги сите делови што доаѓаат во допир со храната (погледнете го поглавјето „Чистење“). Забелешка •• Проверете дали сите делови се потполно суви пред да го користите апаратот. Подготовка за употреба 1 Оставете врелите состојки да се оладат пред обработката или ставете ги во високиот сад (максимална температура од 80°C). 2 Пред обработката исечете ги големите состојки на парчиња со големина од приближно 2 x 2 x 2 cm.
МАКЕДОНСКИ -- пасирање варени состојки, на пример за подготвување бебешка храна. -- сечкање јаткасти плодови, овошје и зеленчук. Внимание •• Немојте да обработувате состојки како што се коцки мраз, замрзнати состојки или овошје со коски (сл. 1). Количини за блендирање и времиња на обработка Состојки Количина за блендирање Време Овошје и зеленчук 100 - 200 g 30 сек. Бебешка храна, супи и сосови 100 - 400 ml 60 сек. Смеси 100 - 500 ml 60 сек. Шејкови и мешани пијалаци 100 - 500 ml 60 сек.
МАКЕДОНСКИ 11 4 Заштитникот за сечилата потполно потопете го во состојките за да избегнете прскање. 5 Вклучете го апаратот со притиснување на копчето за вклучување/исклучување или на копчето TURBO. 6 Движете го апаратот бавно нагоре-надолу и во кругови за да ги блендирате состојките. 7 Кога ќе завршите со блендирање, исклучете го апаратот од штекер. 8 Отстранете го цилиндричниот блендер со притиснување на копчето за отпуштање. Внимание •• Сечилата се остри. Ракувајте внимателно.
МАКЕДОНСКИ 9 За лесно чистење, исплакнете го цилиндричниот блендер со врела вода веднаш по употребата. Немојте потполно да го потопувате цилиндричниот блендер во вода. 10 Поставете го цилиндричниот блендер во исправена положба така што заштитникот за сечилата ќе биде на врвот и оставете го да се суши најмалку 10 минути пред складирањето.
МАКЕДОНСКИ Количини за сечкање и времиња на обработка XL-сечкач Компактен сечкач Состојки Количина за сечкање Време Брзина Кромид и јајца 200 g 5 x 1 сек. Копче за вклучување/ исклучување Риба 200 g 10 сек. TURBO Зачински билки 30 g 5 x 1 сек. Копче за вклучување/ исклучување Јаткасти плодови и бадеми 200 g 30 сек. TURBO Црно чоколадо 100 g 20 сек. TURBO Коцки сув леб 80 g 30 сек. TURBO Состојки Количина за сечкање Време Брзина Лук, кромид, јајца 100 g 5 x 1 сек.
МАКЕДОНСКИ 3 Поставете го капакот на сечкачот на садот за сечкачот. 4 Прикачете го моторот на капакот на сечкачот („клик“). 5 Вметнете го приклучокот во ѕидниот штекер. 6 Притиснете го копчето за вклучување/исклучување или копчето TURBO и оставете апаратот да работи додека не се исечкаат сите состојки. 7 Кога ќе завршите со сечкање, исклучете го апаратот од штекер.
МАКЕДОНСКИ 15 8 Притиснете го копчето за отпуштање за да го откачите моторот од капакот на сечкачот. 9 Внимателно отстранете ги капакот на сечкачот и единицата со сечила (сл. 18). 10 Истурете ги исечканите состојки (сл. 19). Маталка (само HR2543, HR2545) Маталката е наменета за матење шлаг, белки од јајца, десерти итн. Совет •• Доколку сакате да обработите мала количина, малку навалете го садот за побрз резултат. •• Кога матите белки од јајца, користете голем сад за да постигнете најдобар резултат.
МАКЕДОНСКИ Количини за матење и време на обработка. Состојки Количина за матење Време Брзина Шлаг 250 g 70-90 сек. TURBO Белки од јајца 4x 120 сек. TURBO 1 Прикачете ја маталката на единицата за поврзување маталки („клик“). 2 Прикачете ја единицата за поврзување маталки на моторот („клик“). 3 Ставете ги состојките во сад. 4 Вметнете го приклучокот во ѕидниот штекер.
МАКЕДОНСКИ 17 5 Потопете ја маталката во состојките. 6 Вклучете го апаратот со притиснување на копчето за вклучување/исклучување или на копчето TURBO. 7 Движете го апаратот бавно нагоре-надолу и во кругови. 8 Кога ќе завршите со матење, исклучете го апаратот од штекер. 9 Притиснете го копчето за отпуштање за да го откачите моторот од единицата за поврзување маталки.
МАКЕДОНСКИ 10 За да ја откачите маталката од единицата за поврзување, повлечете ја маталката надолу и извлечете ја од единицата за поврзување. Двојна метличка за матење (само HR2546) Состојки Количина за матење Време Брзина Шлаг 250 g 70-90 сек. TURBO Белки од јајца 4x 120 сек. TURBO Смеса за торта 750 g 180 сек. TURBO Варени компири 750 g 120 сек.
МАКЕДОНСКИ 19 3 Ставете ги состојките во сад. 4 Вметнете го приклучокот во ѕидниот штекер. 5 Потопете ја двојната метличка за матење во состојките. 6 Вклучете го апаратот со притиснување на копчето за вклучување/исклучување или на копчето TURBO. 7 Движете го апаратот бавно во кругови.
МАКЕДОНСКИ 8 Кога ќе завршите со матење, извлечете го приклучокот од ѕидниот штекер. Чистење Внимание •• Моторот, капакот на компактниот сечкач, капакот на XL- сечкачот, единицата за поврзување маталки и единицата за поврзување двојна метличка за матење немојте да ги потопувате во вода или во некоја друга течност и немојте да ги плакнете под млаз вода. Овие делови чистете ги со влажна крпа. Сечилата на цилиндричниот блендер и заштитникот може да се плакнат под млаз вода.
МАКЕДОНСКИ HR2543 HR2545 HR2546 XL Compact HR2545 HR2546 HR2542 HR2543 21
МАКЕДОНСКИ HR2541 HR2542 1 HR2543 HR2545 2 3
МАКЕДОНСКИ 23 Складирање 1 Лабаво замотајте го кабелот за напојување околу долниот дел на моторот. 2 Складирајте го апаратот на ладно и суво место подалеку од директна сончева светлина или друг извор на топлина. Рециклирање -- Овој симбол означува дека производот не смее да се фрла со обичниот отпад од домаќинствата (2012/19/EU). -- Придржувајте се до законите во вашата земја за посебно собирање на електричните и електронските производи.
Спецификациите подлежат на промени без претходна најава © 2020 Koninklijke Philips N.V. Сите права се задржани.