User Guide
Table Of Contents
- Важно
- Рециклирање
- Гаранција и поддршка
- Декларација за усогласеност
- Ажурирања на софтверот и фирмверот
- Компатибилност на уредот
- Фабричко ресетирање
- Вовед
- Преглед
- Опис на функциите
- Пред првото користење
- Подготовки пред прва употреба
- Користење на апаратот Airfryer
- Користење на термометарот за храна
- Режими на готвење
- Одржување топлина
- Мои програми
- Историја на готвење
- Чистење
- Меморија
- Отстранување на проблеми
6 Македонски
Рециклирање
• Овој симбол означува дека електричните производи не смее
да се фрлаат со обичниот отпад од домаќинствата. (Сл. 1)
• Придржувајте се до законите во вашата земја за одделно
собирање на електричните производи.
Гаранција и поддршка
Philips нуди 2-годишна гаранција за овој производ по купувањето. Оваа
гаранција престанува да важи ако дефектот се должи на неправилно
користење или несоодветно одржување. Повеќе информации се достапни
на интернет, посетете ја нашата веб-страница www.philips.com/support.
Декларација за усогласеност
Во овој документ, компанијата DAP B.V. изјавува дека Airfryer HD9880 е
усогласен со Директивата 2014/53/EU.
Целосниот текст на декларацијата за усогласеност на ЕУ е достапен на
следната интернет-адреса: https://www.philips.com.
Апаратот Airfryer HD9880 е опремен со Wi-Fi-модул, 2,4 GHz 802.11 b/g/n со
максимална излезна моќност од 92,9 mW EIRP.
Ажурирања на софтверот и фирмверот
Ажурирањето е важно за заштита на вашата приватност и за правилно
работење на апаратот Airfryer и на апликацијата.
Секогаш ажурирајте ја апликацијата со најновата верзија.
Апаратот Airfryer го ажурира фирмверот на апаратот автоматски.
Забелешка
• За да овозможите ажурирање на апаратот Airfryer со најновата верзија
на фирмверот, проверете дали Airfryer е поврзан со домашната WiFi-
мрежа.
• Секогаш користете ги најновата апликација и фирмвер.
• Ажурирања се достапни кога има подобрувања за софтверот.
• Ажурирањето на фирмверот започнува автоматски кога апаратот
Airfryer е во режим на подготвеност. Ажурирањето трае неколку минути.
Во текот на овој период апаратот Airfryer не може да се користи.
Компатибилност на уредот
За детални информации во врска со компатибилноста на апликацијата,
погледнете ги информациите во App Store.










