User Guide

5Македонски
Секогаш исклучувајте го апаратот од напојувањето ако го оставате
без надзор, како и пред склопување, расклопување, складирање или
чистење.
Поставете го апаратот на хоризонтална, рамна и стабилна површина.
Ако апаратот се користи неправилно, ако се користи за професионални
или полупрофесионални цели или ако не се користи во согласност со
упатствата во прирачникот за корисници, гаранцијата ќе биде поништена
и Philips нема да прифати одговорност за настанатата штета.
Ако е потребна проверка или поправка на апаратот, секогаш носете
го во овластен сервисен центар на Philips. Не обидувајте се сами да го
поправате апаратот, во спротивно гаранцијата ќе биде поништена.
Секогаш исклучувајте го апаратот од штекер по користењето.
Оставете го апаратот да се олади приближно 30 минути пред да ракувате
со него или да го чистите.
Внимавајте состојките подготвени во овој апарат да бидат златножолти,
а не темни или кафени. Отстранете ги загорените остатоци. Не пржете
свежи компири на температура поголема од 180 °C (за да создавањето на
акриламид се сведе на минимум).
Бидете внимателни кога го чистите горниот дел на комората за готвење:
заштита од прскање, жежок греен елемент, раб на металните делови.
Секогаш проверувајте дали храната е целосно испржена во апаратот
Airfryer.
Погрижете се секогаш да имате контрола над вашиот Airfryer, како и кога
ја користите функцијата за далечинско управување или за одложено
активирање.
Кога пржите мрсна храна, апаратот Airfryer може да испушта дим.
Бидете особено внимателни кога ја користите функцијата за далечинско
управување или за одложено активирање.
Погрижете се само едно лице истовремено да ја користи функцијата за
далечинско управување.
Бидете внимателни кога готвите лесно расиплива храна со функцијата за
одложено активирање (може да се размножат бактерии).
Електромагнетни полиња (EMF)
Овој апарат е усогласен со важечките стандарди и прописи што се
однесуваат на изложеноста на електромагнетни полиња.
Автоматско исклучување
Апаратот Airfryer има функција за автоматско исклучување. Апаратот ќе
премине во режимот на подготвеност доколку не се користи подолго
од 10 минути ако е вклучен, но не е активиран режимот за готвење или
одржување на топлината. За да го исклучите апаратот рачно, притиснете
долго на ротирачкиот регулатор.