User Guide
Table Of Contents
- Важно
- Рециклирање
- Гаранција и поддршка
- Декларација за усогласеност
- Ажурирања на софтверот и фирмверот
- Компатибилност на уредот
- Фабричко ресетирање
- Вовед
- Преглед
- Опис на функциите
- Пред првото користење
- Подготовки пред прва употреба
- Користење на апаратот Airfryer
- Користење на термометарот за храна
- Режими на готвење
- Одржување топлина
- Мои програми
- Историја на готвење
- Чистење
- Меморија
- Отстранување на проблеми
4 Македонски
• Овој апарат може да го користат деца постари од 8 години и лица со
ограничени физички, сензорни или ментални способности или лица
со недостаток на искуство и знаење, под услов да се под надзор или да
добиле упатства за безбедно користење на апаратот и да ги разбираат
можните опасности. Децата не смеат да си играат со апаратот. Чистење
и корисничко одржување смеат да вршат деца постари од 8 години под
надзор на возрасно лице.
• Апаратот и кабелот држете ги подалеку од дофат на деца помлади од 8
години.
• Немојте да го потпирате апаратот на ѕид или на други апарати. Оставете
најмалку 10 cm слободен простор од задната страна, од двете бочни
страни и над апаратот. Не ставајте ништо врз апаратот.
• За време на пржењето со врел воздух, од отворите за излез на воздух
се ослободува врела пареа. Држете ги рацете и лицето на безбедно
растојание од пареата и од отворите за излез на воздух. Исто така,
внимавајте на врелата пареа и воздухот кога ја вадите тавата од апаратот.
• Никогаш не користете лесни состојки или хартија за печење во апаратот.
• Површините што се допираат може да станат врели додека работи
апаратот.
• Складирање компири: температурата мора да биде соодветна на
складираната сорта компир и мора да биде над 6 °C за да се минимизира
ризикот од изложеност на акриламид во подготвената храна.
• Никогаш немојте да ја полните тавата со масло.
• Апаратот е предвиден за употреба при амбиентални температури помеѓу
5 °C и 40 °C.
• Пред да го вклучите апаратот, проверете дали напонот наведен на
апаратот одговара на напонот на локалната електрична мрежа.
• Кабелот за напојување држете го подалеку од жешки површини.
• Немојте да го поставувате апаратот на или близу до запаливи материјали
како што се чаршаф или завеса.
• Апаратот употребувајте го единствено за намените опишани во овој
прирачник и користете само оригинални додатоци од Philips.
• Не оставајте апаратот да работи без надзор.
• Тавата, корпата и додатоците стануваат врели во текот на и по
користењето на апаратот, секогаш ракувајте со нив внимателно.
• Пред првото користење на апаратот темелно исчистете ги деловите што
доаѓаат во допир со храната. Погледнете ги упатствата во прирачникот.
Внимание
• Овој апарат е наменет само за стандардна употреба во домаќинства. Не
е наменет за употреба во опкружувања како што се кујни за персонал во
продавници, канцеларии, фарми или други работни опкружувања. Не
е наменет ниту за употреба од клиенти во хотели, мотели, угостителски
објекти кои нудат ноќевање и појадок и други видови сместување.










