User Guide

3Македонски
Важно
Пред да го користите апаратот внимателно прочитајте го овој документ со
важни информации и зачувајте го за идни потреби.
Опасност
Немојте да го поставувате апаратот на или близу до жежок плински
шпорет, кој било електричен шпорет и електрични грејни плочи или во
загреана рерна.
Немојте никогаш да го потопувате апаратот во вода ниту да го плакнете
под чешма.
За да спречите струен удар, внимавајте да не навлезе вода или друга
течност во апаратот.
Состојките за пржење секогаш ставајте ги во корпата за да не дојдат во
допир со грејните елементи.
Немојте да ги покривате отворите за влез и излез на воздух додека работи
апаратот.
Немојте да ја полните тавата со масло бидејќи тоа може да предизвика
пожар.
Немојте да го користите апаратот ако е оштетен приклучокот, кабелот за
напојување или самиот апарат.
Никогаш немојте да ја допирате внатрешноста на апаратот додека работи.
Никогаш немојте да ставате количина на храна што го надминува
максималното ниво означено во корпата.
Секогаш проверувајте дали грејачот е слободен и дали има заглавено
храна во грејачот.
Предупредување
Во случај на оштетување, кабелот за напојување мора да го замени
компанијата Philips, нејзин сервисер или други лица со слични
квалификации за да се избегне опасност.
Апаратот приклучувајте го само во заземјен ѕиден штекер. Секогаш
проверувајте дали приклучокот правилно сте го вметнале во штекерот.
Овој апарат не е наменет за употреба со надворешен тајмер или со
засебен систем за далечинско управување.
Површините што се допираат може да станат врели додека работи
апаратот.