User Guide
Table Of Contents
- Важно
- Рециклирање
- Гаранција и поддршка
- Декларација за усогласеност
- Ажурирања на софтверот и фирмверот
- Компатибилност на уредот
- Фабричко ресетирање
- Вовед
- Преглед
- Опис на функциите
- Пред првото користење
- Подготовки пред прва употреба
- Користење на апаратот Airfryer
- Користење на термометарот за храна
- Режими на готвење
- Одржување топлина
- Мои програми
- Историја на готвење
- Чистење
- Меморија
- Отстранување на проблеми
26 Македонски
Чистење
Предупредување
• Почекајте корпата, тавата и внатрешноста на апаратот целосно да се
оладат пред да започнете со чистење.
• Тавата и корпата на апаратот се обложени со нелеплив слој. Немојте
да користите метален кујнски прибор или абразивни материјали за
чистење бидејќи може да го оштетат нелепливиот слој.
Совет
• Извадете ги тавата и корпата за да овозможите побрзо ладење на Airfryer.
1. Исфрлете ги маснотиите или маслото од дното на тавата.
2. Исперете ги тавата и корпата во машина за садови. Можете да ги
исчистите и со топла вода, течност за миење садови и неабразивен
сунѓер (погледнете во „Табела за чистење“).
Совет
• Ако остатоци од храна се залепат на тавата или корпата, можете да
ги потопите во врела вода и течност за миење садови 10–15 минути.
Потопувањето ги омекнува остатоците од храната и го олеснува нивното
отстранување. Користете течност за миење садови што може да ги
раствори маслото и маснотиите. Ако има дамки од маснотии на тавата
или корпата и не сте можеле да ги отстраните со врела вода и течност за
миење садови, користете течен одмастувач.
• Доколку е потребно, остатоците од маст што се залепени заштитата од
прскање може да се отстранат со сунѓер или четка со влакна.
3. Избришете ја надворешноста на апаратот со влажна крпа.
Контролната табла треба да биде целосно сува. Избришете ја
контролната табла со крпа откако ќе ја исчистите.
4. Исчистете ја заштитата од прскање со сунѓер или четка за чистење за
да ги отстраните сите остатоци од маст.
5. Исчистете ја внатрешноста на апаратот со врела вода и неабразивен
сунѓер.










