User Guide
Table Of Contents
- Важно
- Рециклирање
- Гаранција и поддршка
- Декларација за усогласеност
- Ажурирања на софтверот и фирмверот
- Компатибилност на уредот
- Фабричко ресетирање
- Вовед
- Преглед
- Опис на функциите
- Пред првото користење
- Подготовки пред прва употреба
- Користење на апаратот Airfryer
- Користење на термометарот за храна
- Режими на готвење
- Одржување топлина
- Мои програми
- Историја на готвење
- Чистење
- Меморија
- Отстранување на проблеми
24 Македонски
4. Завртете го ротирачкиот регулатор за да ја приспособите
температурата на готвење. Можете да изберете температура од 40
°C до 200 °C. Потврдете со тоа што ќе го притиснете ротирачкиот
регулатор.
5. Приспособете ја брзината на воздухот со тоа што ќе го завртите
ротирачкиот регулатор. Можете да изберете меѓу голема брзина на
воздухот ( ) и мала брзина на воздухот ( ). Потврдете со тоа што
ќе го притиснете ротирачкиот регулатор.
6. Потоа се прикажува преглед на избраните параметри за готвење.
Ако сакате да смените поставка за готвење, свртете го ротирачкиот
регулатор кон параметарот што сакате да го смените. Притиснете и
завртете за да го смените параметарот. Притиснете го ротирачкиот
регулатор за да започнете со готвењето.
Забелешка
• Ќе ја видите вистинската централна температура на вашата храна и
целната температура наизменично една покрај друга со тајмерот што
одбројува нагоре.
Табелата подолу ви дава насоки за тоа која централна температура да ја
поставите.
Прехранбен производ Ниво на подготвеност Централна
температура
Општа живина Печено 80-85 °C
Гради од живина Сочно 70-74 °C
Јунешко, телешко,
јагнешко, срнешко
Слабо печено 45-50 °C
Средно 55-60 °C
Добро испечено 65-70 °C
Општо свинско Печено 70-73 °C
Свинско филе Средно 58-63 °C
Риба
Проѕирна 50-55 °C
Печена 60-65 °C
Цел компир Печен 92-95 °C
Леб Печен 90-95 °C
Забелешка
• Предложената централна температура не мора да соодветствува со
безбедната минимална внатрешна температура на храната.
• Внатрешната температура на зготвената храна ќе продолжи да се крева
неколку степени откако храната ќе биде извадена од апаратот.










