User Guide

23Македонски
2.  Приспособете го времето со вртење на ротирачкиот регулатор.
Можете да изберете време од 1 до 180 минути. Потврдете со тоа што
ќе го притиснете ротирачкиот регулатор.
3.  Приспособете ја температурата со тоа што ќе го завртите ротирачкиот
регулатор. Можете да изберете температура од 40 °C до 200 °C.
Потврдете со тоа што ќе го притиснете ротирачкиот регулатор.
4.  Приспособете ја брзината на воздухот со тоа што ќе го завртите
ротирачкиот регулатор. Можете да изберете меѓу мала и голема
брзина на воздухот. Потврдете со тоа што ќе го притиснете
ротирачкиот регулатор.
Потоа се прикажува преглед на избраните параметри за готвење.
Ако сакате да смените поставка за готвење, свртете го ротирачкиот
регулатор кон параметарот што сакате да го смените. Притиснете и
завртете за да го смените параметарот. Откако ќе ги потврдите сите
параметри за готвење, притиснете го ротирачкиот регулатор за да
започнете со готвењето. Ќе го видите тајмерот како одбројува.
Забелешка
Ако сакате да добиете потсетник за тресење откако ќе измине половина
од времето на готвење, проверете дали е овозможен потсетникот за
тресење.
Можете да го паузирате вашиот Airfryer со притискање на ротирачкиот
регулатор за време на готвењето. За да ги приспособите параметрите,
следете ги горенаведените чекори. За да продолжите со готвење,
повторно притиснете го ротирачкиот регулатор.
Термометар за храна
1.  Вртете го ротирачкиот регулатор додека не изберете „Термометар за
храна“. Притиснете го ротирачкиот регулатор за да влезете во овој
режим.
2.  Приспособете ја саканата централна температура (што се мери на
врвот на термометарот за храна) со вртење на ротирачкиот регулатор.
Можете да изберете температура од 30 до 99 °C. Потврдете со тоа што
ќе го притиснете ротирачкиот регулатор.
Ќе видите анимации за тоа каде е најдоброто место за поставување
на врвот на сондата за температура во вашата храна и како кабелот
се движи од комората за готвење кон надворешноста за да може да
се затвори фиоката.
3.  Приклучете го кабелот во приклучокот за термометарот за храна.
Забелешка
Потврдете го прескокнувањето на анимациите со притискање на
ротирачкиот регулатор.