User Guide
Table Of Contents
- Важно
- Рециклирање
- Гаранција и поддршка
- Декларација за усогласеност
- Ажурирања на софтверот и фирмверот
- Компатибилност на уредот
- Фабричко ресетирање
- Вовед
- Преглед
- Опис на функциите
- Пред првото користење
- Подготовки пред прва употреба
- Користење на апаратот Airfryer
- Користење на термометарот за храна
- Режими на готвење
- Одржување топлина
- Мои програми
- Историја на готвење
- Чистење
- Меморија
- Отстранување на проблеми
22 Македонски
Подготвување домашен помфрит
За да направите одличен домашен помфрит во Airfryer:
• Изберете сорта на компир соодветна за правење помфрит, на пр. свежи,
(малку) брашнести компири.
• Најдобро е помфритот да се пржи со врел воздух до ниво на
исполнетост 4 за рамномерен резултат.
1. Излупете ги компирите и исечкајте ги во форма на стапчиња.
Поголемиот помфрит обично е помалку крцкав од помалиот помфрит.
2. Потопете ги стапчињата од компир во сад со вода најмалку 30 минути.
3. Испразнете го садот и исушете ги стапчињата од компир со крпа за
садови или со хартиена крпа.
4. Сипете една супена лажица масло за јадење во садот, ставете ги
стапчињата во садот и мешајте сè додека стапчињата не се премачкаат
со масло.
5. Отстранете ги стапчињата од садот со прсти или кујнски прибор со
дупчиња за вишокот масло да остане во садот.
Забелешка
• Немојте да го навалувате садот за да ги истурите сите стапчиња во
корпата одеднаш за да вишокот масло не влезе во тавата.
6. Ставете ги стапчињата во корпата.
7. Стартувајте ја програмата за автоматско готвење за домашен помфрит
и протресете го кога ќе бидете известени.
Правење домашен јогурт
1. Измешајте 1 3/4 литри млеко и 3 супени лажици јогурт во чинија.
Осигурете се дека масленоста на млекото и јогуртот е иста.
2. Ставете 150-200 ml во сите мали чаши и затворете со капак.
3. Ставете ги чашите во корпата на апаратот Airfryer и затворете ја
фиоката.
4. Стартувајте „Програма за автоматско готвење“ - „Јогурт“
(Неочекуваното->Млечни производи->Јогурт).
5. За ферментацијата ќе бидат потребни приближно 8 часа. Не отворајте
го апаратот Airfryer во меѓувреме.
6. Ставете ги чашите во фрижидерот и уживајте во домашниот јогурт кога
ќе се излади.
Рачно готвење
1. Вртете го ротирачкиот регулатор додека не изберете „Рачно готвење“.
Притиснете го ротирачкиот регулатор за да влезете во овој режим.










