User Guide

18 Македонски
14. Истурете ја храната од корпата во сад или на
чинија. Секогаш отстранувајте ја корпата од
тавата за да ја истурите храната бидејќи на
дното од тавата може да има врело масло.
Забелешка
За да отстраните големи или кршливи состојки, користете штипалка за
да ги подигнете состојките.
На дното од тавата се собира вишокот масло или маста од состојките.
Во зависност од видот на зготвените состојките, можеби ќе сакате
внимателно да го истурите вишокот масло или маснотии од тавата по
секоја количина, или пред да ја протресете или повторно да ја ставите
корпата во тавата. Ставете ја корпата на површина отпорна на топлина.
Подигнете ја тавата со заштитни ракавици и ставете ја на површина
отпорна на топлина. Истурете го вишокот масло или маснотиите од
храната. Вратете ја тавата во фиоката и корпата во тавата.
Кога една количина состојки е подготвена, Airfryer е веднаш подготвен
за подготовка на друга количина.
Користење на термометарот за храна
Поставување на термометарот за храна
Термометарот за храна може да се користи за бифтек, месни котлети,
пилешки гради, филети од риба итн.
Исчистете го термометарот за храна пред и по употреба - со топла вода и
сапун.
1.  Ставете го термометарот во средината на
најдебелиот дел од храната.