User Guide
Table Of Contents
- Важно
- Рециклирање
- Гаранција и поддршка
- Декларација за усогласеност
- Ажурирања на софтверот и фирмверот
- Компатибилност на уредот
- Фабричко ресетирање
- Вовед
- Преглед
- Опис на функциите
- Пред првото користење
- Подготовки пред прва употреба
- Користење на апаратот Airfryer
- Користење на термометарот за храна
- Режими на готвење
- Одржување топлина
- Мои програми
- Историја на готвење
- Чистење
- Меморија
- Отстранување на проблеми
14 Македонски
7. Се прикажува QR-код. Скенирајте го и преземете ја
апликацијата NutriU.
Совет
• Апликацијата NutriU можете да ја преземете
и од App Store или од веб-страницата
www.philips.com/NutriU.
8. Отворете ја апликацијата NutriU и следете го процесот на регистрација.
9. Следете ги чекорите од апликацијата за да го поврзете апаратот
Airfryer со вашата WiFi-мрежа и да го впарите со вашиот паметен уред.
Важно
• Далечинско управување: можете далечински да управувате со
апаратот Airfryer преку апликацијата (на пр. да испратите рецепт, да
паузирате со готвењето) само ако сте ја избрале опцијата „согласност
за далечинско ракување“ на вашиот профил NutriU во апликацијата
NutriU.
• Апаратот Airfryer треба да го поврзете со домашна Wi-Fi-мрежа од
2,4 GHz 802.11 b/g/n.
• Впарување со еден корисник: со апаратот Airfryer истовремено
далечински може да ракува само еден корисник. Ако со Airfryer
сака да ракува друг корисник и да ја користи апликацијата NutriU,
корисникот мора да ги следи чекорите од процесот за впарување.
По впарувањето, впарувањето со првиот корисник автоматски ќе
прекине.
• Процесот на поставување Wi-Fi може да го откажете преку
апликацијата или доколку го исклучите Airfryer од штекер.
Индикатор за WiFi
Индикаторот за WiFi е исклучен. WiFi-врската е оневозможена.
Индикаторот за WiFi е вклучен. WiFi-врската е овозможена и
воспоставена со рутерот.
Индикаторот за WiFi трепка бавно. Поврзувањето со WiFi е во тек.
Индикаторот за WiFi трепка брзо. Грешка во поврзувањето со WiFi.
Забелешка
• Можете да го вклучите или исклучите WiFi во Поставки - Поставки за
WiFi - ВКЛУЧИ / ИСКЛУЧИ WiFi.
• Можете да го започнете поставувањето на WiFi во Поставки - Поставки
за WiFi - Режим за поставување на WiFi.










