User Guide

13Македонски
Поврзување на Airfryer со апликацијата NutriU
Важно
Паметниот уред треба да ви биде поврзан со домашната WiFi-мрежа
пред да започнете со процесот на поставување на WiFi.
1.  Вклучете го апаратот
2.  Притиснете го ротирачкиот регулатор за да го
вклучите апаратот.
Забелешка
Кога го вклучувате апаратот првпат, избирате јазик.
Можете да го смените јазикот во секое време во
менито „Поставки“.
3.  Движете се низ листата додека не се подвлече саканиот јазик.
4.  Притиснете го ротирачкиот регулатор за да потврдите и да
продолжите.
5.  Изберете ја единицата за тежина и температура од листата.
Забелешка
Следниот екран ви дава можност веднаш да го поврзете апаратот со
паметниот уред или да оставите за подоцна.
6.  Ако решите да го поврзете апаратот со вашиот паметен уред веднаш,
движете се до опцијата „Да“.
Забелешка
Ве советуваме да ја преземете апликацијата NutriU и да го додадете
вашиот апарат Airfryer во апликацијата штом го поставите апаратот за
првпат. Ова ви овозможува да го користите апаратот Airfryer целосно, на
пример, за да уживате во далечинско готвење (започнете рецепти или
програми за автоматско готвење од апликацијата, добијте известување
кога храната е подготвена итн.) и за да ги добиете најновите ажурирања
на фирмверот.