User Guide

11Македонски
Функција за оценување
Можете да ги оцените програмите за автоматско готвење и сите рецепти
од NutriU по готвењето. Оценката автоматски се зачувува и можете да ја
најдете во „Мои програми и во „Историја на готвење. Вашата оценка ќе
ги подобри програмите за автоматско готвење и рецептите.
Потсетник за чистење
Понекогаш, ќе добиете потсетник дека треба да ја исчистите внатрешноста
на апаратот Airfryer. Можете да го оневозможите потсетникот за чистење
во „Поставки“.
Потсетник за тресење
Кога готвите со рачно поставување, ќе добиете потсетник за тресење
откако ќе помине половина од поставеното време на готвење. Можете да
го оневозможите потсетникот за тресење во „Поставки“.
Звучни известувања
Повремено ќе слушнете звук, на пример ако апаратот завршил со
готвењето или ако треба да се направи следниот чекор, како на пример,
тресење или превртување на храната.
Волшебник за текст
Сите менија што се појавуваат на екранот содржат волшебник за текст
којшто ви помага да се движите низ менито.
Пред првото користење
1.  Отстранете ја целата амбалажа.
2.  Отстранете ги налепниците или ознаките (ако ги има) од апаратот.
3.  Отстранете ја заштитната фолија од екранот.
4.  Темелно исчистете го апаратот пред првата употреба (видете го
поглавјето „чистење“).