User Guide

10 Македонски
Централна температура
Во режимот на готвење „Термометар за храна, можете да ја поставите
централната температура на храната. Температурата во средината на
храната ќе ја достигне поставената централна температура на крајот од
процесот на готвење.
Забелешка
Централната температура не е еднаква со температурата на готвење.
Мала и голема брзина на воздухот
Вашиот Airfryer доаѓа со две различни поставки за брзина на воздухот,
мала брзина на воздухот ( ) и голема брзина на воздухот ( ).
Во режимот на готвење „Програми за автоматско готвење, брзината на
воздухот се поставува автоматски.
Во режимите на готвење „Рачно готвење или „Термометар за храна“,
потребно е рачно да ја поставите брзината на воздухот.
За типични јадења што се подготвуваат долго време во рерна, како
лазања, печење, торти итн., користете ја малата брзина на воздухот. За
типична употреба на Airfryer, како за помфрит, пилешки медалјони, рибни
прсти за кои не е потребно долго време на готвење, користете ја големата
брзина на воздухот.
Функција за одржување на топлината
Вашиот Airfryer има режим за одржување топлина. Можете да го
активирате одржувањето топлина директно по готвењето или да се
префрлите кон одржувањето топлина од главното мени.
Мои програми
Можете да ги зачувате вашите омилени програми за автоматско готвење,
поставки за рецепти или поставки за рачно готвење под „Мои програми“.
Вашата листа може да зачува најмногу 20 ставки. Изберете ставка и
почнете веднаш да готвите.
Историја на готвење
Можете да ги видите неодамна зготвените јадења во
Историја на готвење. Можете да ги видите последните 20 ставки во
историјата на готвење. Изберете ставка и почнете веднаш да готвите.