HD9880 Упатство за користење
Содржина Важно Електромагнетни полиња (EMF) Автоматско исклучување Рециклирање Гаранција и поддршка Декларација за усогласеност Ажурирања на софтверот и фирмверот Компатибилност на уредот Фабричко ресетирање Вовед Преглед Опис на функциите Пред првото користење Подготовки пред прва употреба Поставување на отстранливото мрежесто дно Поврзување на Airfryer со апликацијата NutriU Користење на апаратот Airfryer Користење на термометарот за храна Поставување на термометаро
Важно Пред да го користите апаратот внимателно прочитајте го овој документ со важни информации и зачувајте го за идни потреби. Опасност • Немојте да го поставувате апаратот на или близу до жежок плински шпорет, кој било електричен шпорет и електрични грејни плочи или во загреана рерна. • Немојте никогаш да го потопувате апаратот во вода ниту да го плакнете под чешма. • За да спречите струен удар, внимавајте да не навлезе вода или друга течност во апаратот.
• Овој апарат може да го користат деца постари од 8 години и лица со ограничени физички, сензорни или ментални способности или лица со недостаток на искуство и знаење, под услов да се под надзор или да добиле упатства за безбедно користење на апаратот и да ги разбираат можните опасности. Децата не смеат да си играат со апаратот. Чистење и корисничко одржување смеат да вршат деца постари од 8 години под надзор на возрасно лице. • Апаратот и кабелот држете ги подалеку од дофат на деца помлади од 8 години.
• Секогаш исклучувајте го апаратот од напојувањето ако го оставате без надзор, како и пред склопување, расклопување, складирање или чистење. • Поставете го апаратот на хоризонтална, рамна и стабилна површина. • Ако апаратот се користи неправилно, ако се користи за професионални или полупрофесионални цели или ако не се користи во согласност со упатствата во прирачникот за корисници, гаранцијата ќе биде поништена и Philips нема да прифати одговорност за настанатата штета.
Рециклирање • Овој симбол означува дека електричните производи не смее да се фрлаат со обичниот отпад од домаќинствата. (Сл. 1) • Придржувајте се до законите во вашата земја за одделно собирање на електричните производи. Гаранција и поддршка Philips нуди 2-годишна гаранција за овој производ по купувањето. Оваа гаранција престанува да важи ако дефектот се должи на неправилно користење или несоодветно одржување. Повеќе информации се достапни на интернет, посетете ја нашата веб-страница www.philips.
Фабричко ресетирање За фабричко ресетирање на Airfryer, изберете ја функцијата за фабричко ресетирање во менито Алатки → Поставки. Потоа апаратот Airfryer повеќе не е поврзан со вашата домашна Wi-Fi-мрежа и не е впарен со вашиот паметен уред. Вовед Ви честитаме за купувањето и добре дојдовте во Philips! За да ја искористите целосната поддршка што ја нуди Philips, регистрирајте го вашиот производ на www.philips.com/welcome.
1. Контролна табла A. Индикатор за WiFi B. Копче за враќање C. Ротирачки регулатор D. Екран 2. Приклучок за термометар за храна 3. Фиока 4. Отстранливо мрежесто дно 5. Корпа со отстранливо мрежесто дно 6. Тава 7. Преграда за чување на кабелот 8. Отвори за излез на воздух 9. Отвор за влез на воздух 10. Ознака за ниво на исполнетост 11. Термометар за храна 12. Заштита од прскање Опис на функциите Копче за враќање и ротирачки регулатор Ротирачкиот регулатор е централната контрола.
Програми за автоматско готвење Програмите за автоматско готвење се една од клучните функции на вашиот Airfryer. Можете да изберете многу прехранбени производи. Поставете го нивото на исполнетост за вашите состојки или кажете му на апаратот Airfryer колку парчиња (на пример, пилешки батаци) сте ставиле во корпата и апаратот Airfryer автоматски ќе ја зготви храната. Ако е потребна интеракција за време на готвењето (на пр., тресење помфрит), апаратот Airfryer ќе ве извести.
Централна температура Во режимот на готвење „Термометар за храна“, можете да ја поставите централната температура на храната. Температурата во средината на храната ќе ја достигне поставената централна температура на крајот од процесот на готвење. Забелешка • Централната температура не е еднаква со температурата на готвење. Мала и голема брзина на воздухот Вашиот Airfryer доаѓа со две различни поставки за брзина на воздухот, мала брзина на воздухот ( ) и голема брзина на воздухот ( ).
Функција за оценување Можете да ги оцените програмите за автоматско готвење и сите рецепти од NutriU по готвењето. Оценката автоматски се зачувува и можете да ја најдете во „Мои програми“ и во „Историја на готвење“. Вашата оценка ќе ги подобри програмите за автоматско готвење и рецептите. Потсетник за чистење Понекогаш, ќе добиете потсетник дека треба да ја исчистите внатрешноста на апаратот Airfryer. Можете да го оневозможите потсетникот за чистење во „Поставки“.
Подготовки пред прва употреба Поставување на отстранливото мрежесто дно 1. Извлечете ја фиоката така што ќе ја повлечете за рачката. 2. Извадете ја корпата така што ќе ја подигнете за рачката. 3. Вметнете го отстранливото мрежесто дно во отворот на десната долна страна од корпата. Туркајте го мрежестото дно надолу сè додека не легне на место („кликнување“ на двете страни). 4. Ставете ја корпата во тавата. 5. Турнете ја фиоката во апаратот Airfryer држејќи ја за рачката.
Поврзување на Airfryer со апликацијата NutriU Важно • Паметниот уред треба да ви биде поврзан со домашната WiFi-мрежа пред да започнете со процесот на поставување на WiFi. 1. Вклучете го апаратот 2. Притиснете го ротирачкиот регулатор за да го вклучите апаратот. Забелешка • Кога го вклучувате апаратот првпат, избирате јазик. • Можете да го смените јазикот во секое време во менито „Поставки“. 3. Движете се низ листата додека не се подвлече саканиот јазик. 4.
7. Се прикажува QR-код. Скенирајте го и преземете ја апликацијата NutriU. Совет • Апликацијата NutriU можете да ја преземете и од App Store или од веб-страницата www.philips.com/NutriU. 8. Отворете ја апликацијата NutriU и следете го процесот на регистрација. 9. Следете ги чекорите од апликацијата за да го поврзете апаратот Airfryer со вашата WiFi-мрежа и да го впарите со вашиот паметен уред. Важно • Далечинско управување: можете далечински да управувате со апаратот Airfryer преку апликацијата (на пр.
Користење на апаратот Airfryer Внимание • Ова е Airfryer којшто пржи со врел воздух. Немојте да ја полните тавата со масло, маст за пржење или друга течност. • Не допирајте ги жешките површини. Користете ги рачките или дршките. Носете заштитни ракавици кога ракувате со врелата тава. • Овој апарат е наменет само за употреба во домаќинства. • Овој уред може да испушта чад при првото користење. Тоа е нормално. • Не е потребно претходно загревање на апаратот. 1.
5. Ставете ги состојките во корпата. Забелешка • Немојте да ја полните корпата над индикаторот „MAX“ бидејќи ова може да влијае на квалитетот на крајниот резултат. 6. Турнете ја фиоката во апаратот Airfryer. 7. Притиснете го ротирачкиот регулатор за да го вклучите апаратот. 8. Изберете го начинот на готвење кој го сакате (погледнете во поглавјето „Режими на готвење“). 9. Следете ги чекорите на екранот. Чекорите варираат врз основа на избраниот режим на готвење.
Забелешка • Секогаш проверувајте дали храната е соодветно зготвена пред да ја послужите. • Некои програми за автоматско готвење ве известуваат кога е потребно да ја тресете или завртите храната. Апаратот Airfryer ќе испрати звучен сигнал кога е време за тресење или вртење. • Најдобриот начин за тресење е да ја отворите фиоката и да ја кренете корпата од тавата и да ја протресете. Тогаш, вратете ја тавата со корпата назад во апаратот. Апаратот автоматски ќе продолжи со готвење.
14. Истурете ја храната од корпата во сад или на чинија. Секогаш отстранувајте ја корпата од тавата за да ја истурите храната бидејќи на дното од тавата може да има врело масло. Забелешка • За да отстраните големи или кршливи состојки, користете штипалка за да ги подигнете состојките. • На дното од тавата се собира вишокот масло или маста од состојките.
Забелешка • Осигурете се дека врвот на термометарот е во средината на најдебелиот дел од храната, наместо да е поставен на агол кон дното или врвот. Центар • Осигурете се дека термометарот е блиску до, но не ја допира коската и дека е подалеку од масти или 'рскавици. • Средината на филето можеби не е најдебелиот дел. Важно е термометарот да е поставен во најдебелиот дел за да се постигнат посакуваните резултати.
Што треба да правите Што не треба да правите Мерење на дебелината на храната Можете да го користите термометарот за храна за да ја измерите дебелината на храната. 1. Ставете го термометарот за храна покрај храната и проверете која ознака го достигнува врвот на храната. 2. Поставете ја вредноста во Airfryer од 1 до 6 кога се појавува прашање за дебелината ако готвите со програма за автоматско готвење.
Режими на готвење Режим Како се користи Програми за автоматско готвење Изберете ја програмата за автоматско готвење од листата. Следете ги чекорите на апаратот. Програмите за автоматско готвење автоматски ги пресметуваат сите параметри за готвење врз основа на вашите внесувања, како што е нивото на исполнетост или бројот на парчиња. Потоа, започнете со готвење. Рачно готвење Рачно поставете го времето на готвење, температурата и брзината на воздухот и почнете да готвите.
Подготвување домашен помфрит За да направите одличен домашен помфрит во Airfryer: • Изберете сорта на компир соодветна за правење помфрит, на пр. свежи, (малку) брашнести компири. • Најдобро е помфритот да се пржи со врел воздух до ниво на исполнетост 4 за рамномерен резултат. 1. Излупете ги компирите и исечкајте ги во форма на стапчиња. Поголемиот помфрит обично е помалку крцкав од помалиот помфрит. 2. Потопете ги стапчињата од компир во сад со вода најмалку 30 минути. 3.
2. Приспособете го времето со вртење на ротирачкиот регулатор. Можете да изберете време од 1 до 180 минути. Потврдете со тоа што ќе го притиснете ротирачкиот регулатор. 3. Приспособете ја температурата со тоа што ќе го завртите ротирачкиот регулатор. Можете да изберете температура од 40 °C до 200 °C. Потврдете со тоа што ќе го притиснете ротирачкиот регулатор. 4. Приспособете ја брзината на воздухот со тоа што ќе го завртите ротирачкиот регулатор. Можете да изберете меѓу мала и голема брзина на воздухот.
4. Завртете го ротирачкиот регулатор за да ја приспособите температурата на готвење. Можете да изберете температура од 40 °C до 200 °C. Потврдете со тоа што ќе го притиснете ротирачкиот регулатор. 5. Приспособете ја брзината на воздухот со тоа што ќе го завртите ротирачкиот регулатор. Можете да изберете меѓу голема брзина на воздухот ( ) и мала брзина на воздухот ( ). Потврдете со тоа што ќе го притиснете ротирачкиот регулатор. 6. Потоа се прикажува преглед на избраните параметри за готвење.
Одржување топлина 1. Вртете го ротирачкиот регулатор додека не изберете „Одржување топлина“. Притиснете го ротирачкиот регулатор за да влезете во овој режим. Забелешка • За да го смените времето за одржување топлина, завртете го ротирачкиот регулатор. Притиснете го и завртете го ротирачкиот регулатор за да го приспособите времето за одржување топлина. Можете да поставите време за одржување топлина од 1 до 30 минути.
Чистење Предупредување • Почекајте корпата, тавата и внатрешноста на апаратот целосно да се оладат пред да започнете со чистење. • Тавата и корпата на апаратот се обложени со нелеплив слој. Немојте да користите метален кујнски прибор или абразивни материјали за чистење бидејќи може да го оштетат нелепливиот слој. Совет • Извадете ги тавата и корпата за да овозможите побрзо ладење на Airfryer. 1. Исфрлете ги маснотиите или маслото од дното на тавата. 2. Исперете ги тавата и корпата во машина за садови.
Табела за чистење Меморија 1. Исклучете го апаратот од штекер и оставете го да се олади. 2. Проверете дали сите делови се чисти и суви пред да ги складирате. 3. Вметнете го кабелот во преградата за чување на кабелот. Забелешка • Секогаш држете го апаратот Airfryer хоризонтално кога го носите. Не заборавајте да ја држите фиоката и за предниот дел од апаратот бидејќи може да испадне од апаратот ако случајно ја навалите надолу. Тоа може да предизвика оштетување на фиоката.
Проблем Можна причина Решение Надворешноста на апаратот се вжештува за време на употребата. Топлината од внатрешноста се шири кон надворешните ѕидови. Тоа е нормално. Рачките и копчињата коишто ги допирате за време на употребата нема да бидат топли на допир. Тавата, корпата и внатрешноста на апаратот секогаш се вжештуваат кога апаратот е вклучен за да може храната соодветно да се зготви. Овие делови се секогаш врели на допир. Ако апаратот е вклучен подолго време, некои делови стануваат врели на допир.
Проблем Можна причина Решение Апаратот Airfryer не се вклучува. Апаратот не е приклучен. Проверете дали приклучокот е соодветно вклучен во ѕидниот штекер. Апаратот Airfryer има голема Во штекерот се моќност. Приклучете го во приклучени повеќе друг штекер и проверете ги апарати. осигурувачите. Забележувам лупење на одредени места во внатрешноста на мојот Airfryer.
Проблем LED-индикаторот за Wi-Fi на мојот Airfryer престана да свети. Апликацијата покажува дека процесот на впарување е неуспешен. 30 Македонски Можна причина Врската на апаратот Airfryer со вашата Wi-Fi-мрежа се прекинала. Сте направиле промени во домашната Wi-Fiмрежа. Друг корисник го впарил апаратот Airfryer со различен паметен уред и во моментот готви. Решение Започнете го процесот на поставување Wi-Fi и следете ги упатствата во апликацијата.
© 2023 Philips Domestic Appliances Holding B.V. Сите права се задржани.