User Manual

6 МАКЕДОНСКИ
за употреба во опкружувања како што
се кујни за персонал во продавници,
канцеларии, фарми или други работни
опкружувања. Не е наменет ниту за
употреба од клиенти во хотели, мотели,
угостителски објекти кои нудат ноќевање
и појадок и други видови сместување.
- Секогаш исклучувајте го апаратот од
напојувањето ако го оставате без надзор,
како и пред склопување, расклопување,
складирање или чистење.
- Поставете го апаратот на хоризонтална,
рамна и стабилна површина.
- Ако апаратот се користи неправилно,
ако се користи за професионални или
полупрофесионални цели или ако не се
користи во согласност со упатствата во
прирачникот за корисници, гаранцијата ќе
биде поништена и Philips нема да прифати
одговорност за настанатата штета.
- Ако е потребна проверка или поправка на
апаратот, секогаш носете го во овластен
сервисен центар на Philips. Не обидувајте
се сами да го поправате апаратот,
во спротивно гаранцијата ќе биде
поништена.
- Секогаш исклучувајте го апаратот од
штекер по користењето.
- Оставете го апаратот да се олади
приближно 30 минути пред да ракувате со
него или да го чистите.
- Внимавајте состојките подготвени во овој
апарат да бидат златножолти, а не темни
или кафени. Отстранете ги загорените
остатоци. Не пржете свежи компири на
температура поголема од 180 °C (за да
создавањето на акриламид се сведе на
минимум).