User Manual

26 МАКЕДОНСКИ
Декларација за усогласеност
На овој начин, компанијата DAP B.V. изјавува дека Airfryer
HD928x е усогласен со Директивата 2014/53/EU.
Целосниот текст на декларацијата за усогласеност на ЕУ е
достапен на следната интернет-адреса: https://www.philips.
com.
Апаратот Airfryer HD928x е опремен со Wi-Fi-модул, 2,4 GHz
802.11 b/g/n со максимална излезна моќност од 92,9 mW EIRP.
Гаранција и поддршка
Доколку ви се потребни информации или поддршка, посетете
ја страницата www.philips.com/support или прочитајте го
посебниот меѓународен гарантен лист.
Ажурирања на софтверот
Ажурирањето е важно за заштита на вашата приватност и за
правилно работење на апаратот Airfryer и на апликацијата.
Повремено апликацијата се ажурира автоматски со најновиот
софтвер. Исто така, апаратот Airfryer го ажурира фирмверот
автоматски.
Забелешка
Кога се инсталира ажурирање, проверете дали вашиот Airfryer е
поврзан со домашната Wi-Fi-мрежа. Паметниот уред може да се
поврзе со која било мрежа.
Секогаш користете ја најновата апликација и фирмвер.
Ажурирања се достапни кога има подобрувања за софтверот или
за да се спречи безбедносен проблем.
Ажурирањето на фирмверот започнува автоматски кога апаратот
Airfryer е во режим на подготвеност. Ова ажурирање трае до 1
минута, а екранот на Airfryer прикажува трепкачко „---“. Во текот
на овој период апаратот Airfryer не може да се користи.
Компатибилност на уредот
За детални информации во врска со компатибилноста на
апликацијата, погледнете ги информациите во App Store.
Фабричко ресетирање
За фабричко ресетирање на Airfryer, притиснете ги копчињата
за зголемување на температурата и на времето истовремено
во траење од 10 секунди.
Потоа апаратот Airfryer повеќе не е поврзан со вашата
домашна Wi-Fi-мрежа и не е впарен со вашиот паметен уред.