User Manual
Table Of Contents
19МАКЕДОНСКИ
За да го продолжите режимот за одржување топлина,
повторно притиснете го копчето за вклучување/
исклучување.
4 За да излезете од режимот за одржување топлина,
долго притиснете го копчето за вклучување/
исклучување.
Совет
• Ако помфритот изгуби голем дел од крцкавоста за време
на режимот за одржување топлина, скратете го времето на
одржување топлина така што ќе го исклучите апаратот порано
или пржете ги 2-3 минути на температура од 180 °C/350 °F.
Забелешка
• За време на режимот за одржување топлина, вентилаторот и
грејачот во апаратот се вклучуваат повремено.
• Режимот за одржување топлина е наменет да ја одржува
топлината на вашата храна веднаш по готвењето во Airfryer. Не е
наменет за подгревање.
Готвење со однапред поставена опција
1 Следете ги чекорите од 1 до 5 во поглавјето „Пржење со
врел воздух“.
2 Притиснете го копчето за мени. Иконата за замрзнати
закуски трепка. Притиснете го копчето за мени додека
трепка однапред поставената опција што сакате да ја
употребите.
3 Започнете го процесот на готвење со притиснување на
копчето за вклучување/исклучување.
Забелешка
• Во следната табела може да најдете повеќе информации за
однапред поставените опции.










