HD9257 Упатство за користење
МАКЕДОНСКИ СОДРЖИНА Важно 3 Општ опис 6 Вовед Пред првото користење Подготовка за употреба Користење на апаратот Табела за храна Пржење со врел воздух Избирање на режимот за одржување топлина Готвење со однапред поставена опција Промена на друга однапред поставена опција Подготвување домашен помфрит 6 8 8 8 8 10 14 15 17 18 Чистење 19 Складирање 21 Гаранција и поддршка 22 Табела за чистење Рециклирање Отстранување на проблеми 21 21 22
МАКЕДОНСКИ 3 Важно Внимателно прочитајте ги овие важни информации пред да го користите апаратот и зачувајте ги за во иднина. Опасност - Немојте да го поставувате апаратот на или близу до жежок плински шпорет, каков било електричен шпорет и електрични грејни плочи или во загреана рерна. Состојките за пржење секогаш ставајте ги во корпата за да не дојдат во допир со грејните елементи. Немојте да ги покривате отворите за влез и излез на воздух додека работи апаратот.
МАКЕДОНСКИ - - - - Немојте да го потпирате апаратот на ѕид или на други апарати. Оставете најмалку 10 cm слободен простор од задната страна, од двете бочни страни и над апаратот. Не ставајте ништо врз апаратот. За време на пржењето со врел воздух, од отворите за излез на воздух се ослободува врела пареа. Држете ги рацете и лицето на безбедно растојание од пареата и од отворите за излез на воздух. Исто така, внимавајте на врелата пареа и воздухот кога ја вадите тавата од апаратот.
МАКЕДОНСКИ - - - 5 Ако апаратот се користи неправилно, ако се користи за професионални или полупрофесионални цели или ако не се користи во согласност со упатствата во прирачникот за корисници, гаранцијата ќе биде поништена и Philips нема да прифати одговорност за настанатата штета. Секогаш поставувајте и користете го апаратот на сува, стабилна, рамна и хоризонтална површина. Секогаш исклучувајте го апаратот од штекер по користењето. Оставете го апаратот да се олади прибл.
МАКЕДОНСКИ Вовед Ви честитаме за купувањето и добре дојдовте во Philips! За да ја искористите целосната поддршка што ја нуди Philips, регистрирајте го вашиот производ на www.philips.com/ welcome. Airfryer од Philips е единствениот Airfryer со уникатна технологија Rapid Air за пржење на вашата омилена храна со малку или без масло и до 90 % помалку масти. Технологијата Rapid Air на Philips овозможува рамномерно готвење на храната, а ѕвездестиот облик нуди совршени резултати од првиот до последниот залак.
МАКЕДОНСКИ 7 A B C D H G F E 1 7 2 3 4 5 6 8 9
МАКЕДОНСКИ Пред првото користење 1 Отстранете ја целата амбалажа. 2 Отстранете ги налепниците или ознаките (ако ги има) од апаратот. 3 Исчистете го апаратот темелно пред првото користење, како што е наведено во поглавјето за чистење. Подготовка за употреба 1 Ставете го апаратот на стабилна, хоризонтална и рамна површина којашто е отпорна на топлина. Забелешка • Не поставувајте ништо врз или од страните на апаратот. Тоа може да го попречи протокот на воздух и да влијае на пржењето.
МАКЕДОНСКИ Мин. – макс. количина Време (мин.
МАКЕДОНСКИ Состојки Мин. – макс. количина Време (мин.
МАКЕДОНСКИ 11 1 Вметнете го приклучокот во ѕидниот штекер. 2 2 Извадете ја тавата со корпата од апаратот со повлекување на рачката. 3 Ставете ги состојките во корпата. MAX Забелешка • Во апаратот Airfryer може да подготвувате различни состојки. Погледнете ги точните количини и приближното време на готвење во „Табелата за храна“.
МАКЕДОНСКИ 6 Притиснете го копчето за зголемување или намалување на температурата за да ја изберете потребната температура. 7 Притиснете го копчето за зголемување на времето за да го изберете потребното време. 8 Притиснете го копчето за започнување/паузирање за да го започнете процесот на готвење. Забелешка • За време на готвењето, температурата и времето се прикажуваат наизменично. • Последната минута готвење се одбројува во секунди.
МАКЕДОНСКИ 13 Забелешка • Ако не го поставите потребното време на готвење во траење од 30 минути, апаратот автоматски ќе се исклучи од безбедносни причини. • Некои состојки треба да се протресат или превртат на половина од времето на готвење (видете „Табела за храна“).
МАКЕДОНСКИ 11 За да отстраните мали состојки (на пр. помфрит), подигнете ја корпата од тавата така што прво ќе го турнете капакот, а потоа ќе го притиснете копчето за отпуштање на корпата. Внимание • По процесот на готвење, тавата, корпата, внатрешноста и состојките се жешки. Во зависност од видот на состојките во Airfryer, од тавата може да излезе пареа. 12 Истурете ја храната од корпата во сад или на чинија.
МАКЕДОНСКИ 15 Избирање на режимот за одржување топлина 1 Притиснете го копчето за мени додека трепка иконата за одржување топлина. 2 Притиснете го копчето за започнување/паузирање за да го стартувате режимот за одржување топлина. Забелешка • Тајмерот на режимот за одржување топлина е поставен на 30 минути. За да го промените времето на одржување топлина (1-60 минути), притиснете го копчето за зголемување или намалување на времето. Времето ќе се потврди автоматски.
МАКЕДОНСКИ Готвење со однапред поставена опција 1 Следете ги чекорите од 1 до 5 во поглавјето „Пржење со врел воздух“. 2 Притиснете го копчето за мени. Иконата за замрзнати закуски трепка. Притиснете го копчето за мени додека трепка однапред поставената опција што сакате да ја употребите. 3 Започнете го процесот на готвење со притиснување на копчето за започнување/паузирање. Забелешка • Во следната табела може да најдете повеќе информации за однапред поставените опции.
МАКЕДОНСКИ 17 Однапред поставена опција Однапред поставено време (мин.) Однапред поставена температура Тежина (макс.
МАКЕДОНСКИ 2 Повторно притиснете го копчето за вклучување/ исклучување за да го вклучите апаратот. 3 Притиснете го копчето за мени додека трепка однапред поставената опција што сакате да ја употребите. 4 Притиснете го копчето за започнување/паузирање за да го започнете процесот на готвење. Совет • За да се префрлите на рачниот режим додека сте во однапред поставена опција, притиснете го копчето за мени повеќепати сè додека не се вклучи рачниот режим.
МАКЕДОНСКИ 19 5 Отстранете ги стапчињата од садот со прсти или кујнски прибор со дупчиња за вишокот масло да остане во садот. Забелешка • Немојте да го навалувате садот за да ги истурите сите стапчиња во корпата одеднаш за да вишокот масло не влезе во тавата. 6 Ставете ги стапчињата во корпата. 7 Пржете ги стапчињата од компир и протресете ја корпата 2-3 пати за време на готвењето.
МАКЕДОНСКИ Совет • Ако остатоци од храна се залепат на тавата или корпата, можете да ги потопите во врела вода и течност за миење садови 10–15 минути. Потопувањето ги омекнува остатоците од храната и го олеснува нивното отстранување. Користете течност за миење садови што може да ги раствори маслото и маснотиите. Ако има дамки од маснотии на тавата или корпата и не сте можеле да ги отстраните со врела вода и течност за миење садови, користете течен одмастувач.
МАКЕДОНСКИ 21 Табела за чистење Складирање 1 Исклучете го апаратот од штекер и оставете го да се олади. 2 Проверете дали сите делови се чисти и суви пред да ги складирате. Забелешка • Секогаш држете го апаратот Airfryer хоризонтално кога го носите. Не заборавајте да ја држите тавата и за предниот дел од апаратот бидејќи тавата со корпата може да испадне од апаратот ако случајно ја навалите надолу. Тоа може да предизвика оштетување на овие делови.
МАКЕДОНСКИ Гаранција и поддршка Versuni нуди двегодишна гаранција за овој производ по купувањето. Оваа гаранција престанува да важи ако дефектот се должи на неправилно користење или несоодветно одржување. Нашата гаранција не влијае на вашите законски права како потрошувач. За повеќе информации или за користење на гаранцијата, посетете ја нашата веб-страница www.philips.com/support.
МАКЕДОНСКИ 23 Проблем Можна причина Решение Одредени видови состојки треба да се протресат на половина од времето на готвење. Следете ги упатствата на страница 18 во ова упатство за користење за да подготвите домашен помфрит. Апаратот не е приклучен. Проверете дали приклучокот е соодветно вклучен во ѕидниот штекер. Во штекерот се приклучени повеќе апарати. Апаратот Airfryer има голема моќност. Приклучете го во друг штекер и проверете ги осигурувачите.
МАКЕДОНСКИ Проблем Можна причина Решение Ако го чувате вашиот уред на ниска амбиентална температура, почекајте да се загрее на собна температура Можеби го чувате најмалку 15 минути пред повторно да го вашиот Airfryer на приклучите. премногу студено место. Ако на екранот сè уште се прикажува „E1“, јавете се во сервисниот центар на Philips или контактирајте со центарот за корисничка поддршка во вашата земја.
PHILIPS и заштитеното лого на Philips се регистрирани заштитни знаци на Koninklijke Philips N.V. и се користат со лиценца. Овој производ е произведен од компанијата Versuni Holding B.V. и се продава под нејзина одговорност, а Versuni Holding B.V. е и давател на гаранцијата за овој производ. 2023 © Versuni Holding B.V.