User Guide

5МАКЕДОНСКИ
- Пред да го вклучите апаратот, проверете дали
напонот наведен на апаратот одговара на
напонот на локалната електрична мрежа.
- Кабелот за напојување држете го подалеку од
жешки површини.
- Немојте да го поставувате апаратот на или близу
до запаливи материјали како што се чаршаф
или завеса.
- Апаратот употребувајте го единствено за
намените опишани во овој прирачник и
користете само оригинални додатоци од Philips.
- Не оставајте апаратот да работи без надзор.
- Тавата, корпата и собирачот на маснотии
стануваат врели во текот на и по користењето на
апаратот, секогаш ракувајте со нив внимателно.
- Пред првото користење на апаратот темелно
исчистете ги деловите што доаѓаат во допир
со храната. Погледнете ги упатствата во
прирачникот.
Внимание
- Овој апарат е наменет само за стандардна
употреба во домаќинства. Не е наменет за
употреба во опкружувања како што се кујни за
персонал во продавници, канцеларии, фарми
или други работни опкружувања. Не е наменет
ниту за употреба од клиенти во хотели, мотели,
угостителски објекти кои нудат ноќевање и
појадок и други видови сместување.
- Секогаш исклучувајте го апаратот од
напојувањето ако го оставате без надзор, како
и пред склопување, расклопување, складирање
или чистење.
- Поставете го апаратот на хоризонтална, рамна и
стабилна површина.
- Ако апаратот се користи неправилно,
ако се користи за професионални или
полупрофесионални цели или ако не се користи
во согласност со упатствата во прирачникот
за корисници, гаранцијата ќе биде поништена