User Guide
Table Of Contents
13МАКЕДОНСКИ
7 Кога ќе го слушнете ѕвончето на тајмерот, времето на
готвење изминало.
Забелешка
• Можете и рачно да го исклучите апаратот. За да го сторите тоа,
завртете го регулаторот за тајмерот на 0 (во спротивна насока од
стрелките на часовникот); за ова е потребна малку поголема сила
отколку за вртење во насока на стрелките на часовникот.
8 Извлечете ја тавата и проверете дали состојките се
готови.
Внимание
• Тавата на Airfryer е жешка по процесот на готвење. Секогаш
ставајте ја на работна површина отпорна на топлина (на пр.
подлога итн.) кога ќе ја извадите од апаратот.
Забелешка
• Ако состојките сè уште не се подготвени, турнете ја тавата во
апаратот Airfryer држејќи ја за рачката и додајте неколку
дополнителни минути.
9 За да отстраните мали состојки (на пр. помфрит),
подигнете ја корпата од тавата така што прво ќе го
турнете капакот, а потоа ќе го притиснете копчето за
отпуштање на корпата.
Внимание
• По процесот на готвење, тавата, корпата, внатрешноста и
состојките се жешки. Во зависност од видот на состојките во
Airfryer, од тавата може да излезе пареа.










