User Guide
Table Of Contents
1МК
1 Важно
Безбедност
Внимателно прочитајте го ова упатство за користење пред употребата на
апаратот и зачувајте го за во иднина.
За да обезбедите најдобри перформанси, проверете дали вашиот Air
Performer е надграден со најновата верзија. Оваа надградба можете да ја
извршите преку апликацијата Air+.
Опасност
•
Не дозволувајте течен или запалив детергент да навлезе во апаратот, за
да избегнете електричен удар и/или опасност од пожар.
Предупредување
•
Овој апарат може да го користат деца постари од 8 години и лица со
ограничени физички, сензорни или ментални способности или лица со
недостаток на искуство и знаење, под услов да се надгледуваат или да
добиле упатства за безбедно користење на апаратот и да ги разбираат
можните опасности.
•
Децата помали од 3 години не смеат да се доближуваат до уредот, освен
ако не се под постојан надзор.
•
Децата не смеат да си играат со апаратот.
•
Децата не смеат да го чистат и одржуваат апаратот без надзор.
•
Немојте да го блокирате отворот за влез или излез на воздух, на пр. со
поставување предмети на отворот за излез на воздух или пред отворот за
влез на воздух.
•
Немојте да ставате прсти, стапчиња или други предмети во машината за
да спречите струјни удари, повреди или пожар.
•
Не користете го апаратот во близина на плински апарати и камини.
•
Немојте да прскате со запаливи материјали како што се инсектициди или
парфеми околу апаратот.
•
Не користете ако има видливи знаци на оштетување на уредот,
приклучокот и кабелот за напојување.
•
Немојте да го користите уредот ако ви паднал.
•
Во случај на оштетување, кабелот за напојување треба да го замени
компанијата Philips, односно сервисен центар овластен од Philips или лица
со соодветни квалификации за да се избегне опасност.
Внимание
•
Користете го единствено оригиналниот филтер од Philips, во спротивно
перформансите на филтрација нема да можат да се гарантираат.










