User Guide

Table Of Contents
3МК
Максимална излезна моќност од 5,0 mW, бранова должина од 650 nm,
континуиран бран, колимиран бран.
Во овој документ, компанијата DAP B.V. изјавува дека радиоопремата од
типот AMF765 е усогласена со Директивата 2014/53/EU. Целосниот текст на
декларацијата за усогласеност на ЕУ е достапен на следната интернет-адреса:
www.philips.com.
Стандарден интерфејс за Wi-Fi врз основа на 802.11b/g/n/ax со 2,4 GHz и
максимална излезна моќност од 64 mW EIRP.
Bluetooth верзија 5.2 (LE) со фреквенција од 2,4 GHz и излезна RF-моќност
помала од 10 mW EIRP.
Електромагнетниполиња(EMF)
Овој апарат е усогласен со важечките стандарди и прописи што се однесуваат
на изложеноста на електромагнетни полиња.
Рециклирање
Овој симбол означува дека производот не треба да се фрла со
обичниот отпад од домаќинствата (2012/19/EU).
Овој симбол означува дека овој производ содржи батерии за
еднократна употреба кои не смеете да ги фрлате со обичниот отпад
од домаќинството (2006/66/EC).
Придржувајте се до законите во вашата земја за посебно собирање на
електричните и електронските производи и батериите. Правилното
фрлање помага во спречувањето на негативните последици по
животната средина и човековото здравје.
Отстранувањенабатериитезаеднократнаупотреба
Само далечинскиот управувач содржи батерија за еднократна употреба.
За да ги отстраните батериите за еднократна употреба, погледнете ги
упатствата за поставување и/или отстранување батерии во упатството за
користење.
Секогаш отстранувајте ги испразнетите батерии за еднократна употреба од
производот. Преземете ги сите неопходни безбедносни мерки кога ги фрлате
батериите.