Air Performer 2-in-1 Air Puri�er and Fan 7000i Series AMF765 Упатство за користење
Содржина 1 Важно �����������������������������������������������������������������������������������������������1 2 Вашиот Air Performer ������������������������������������������������������������������4 3 Подготовка за користење ����������������������������������������������������������7 4 Користење на Air Performer ������������������������������������������������������9 5 Чистење и одржување ������������������������������������������������������������� 13 6 7 8 Складирање ���������������
1 Важно Безбедност Внимателно прочитајте го ова упатство за користење пред употребата на апаратот и зачувајте го за во иднина. За да обезбедите најдобри перформанси, проверете дали вашиот Air Performer е надграден со најновата верзија. Оваа надградба можете да ја извршите преку апликацијата Air+. Опасност • Не дозволувајте течен или запалив детергент да навлезе во апаратот, за да избегнете електричен удар и/или опасност од пожар.
• • • • • • • • • Уредот не смее да се наоѓа веднаш под ѕидниот штекер. Секогаш поставувајте и користете го апаратот на сува, стабилна и хоризонтална површина. Немојте да го користите апаратот во опкружувања со голема влажност, како што се бања, тоалет, кујна, базен или во какво било надворешно опкружување. Немојте да седите или да стоите врз апаратот. Немојте да го удирате апаратот. Не ставајте ништо врз апаратот.
• Максимална излезна моќност од 5,0 mW, бранова должина од 650 nm, континуиран бран, колимиран бран. Во овој документ, компанијата DAP B.V. изјавува дека радиоопремата од типот AMF765 е усогласена со Директивата 2014/53/EU. Целосниот текст на декларацијата за усогласеност на ЕУ е достапен на следната интернет-адреса: www.philips.com. Стандарден интерфејс за Wi-Fi врз основа на 802.11b/g/n/ax со 2,4 GHz и максимална излезна моќност од 64 mW EIRP. Bluetooth верзија 5.
2 Вашиот Air Performer Ви честитаме за купувањето и добре дојдовте во Philips! За да ја искористите целосната поддршка што ја нуди Philips, регистрирајте го вашиот производ на www.philips.com/welcome.
Преглед на екранот Копче за контрола Копче за вклучување/ исклучување Екран Индикатор за Wi-Fi Предупредување за замена на филтерот Автоматски режим Режим управуван преку апликацијата Индикатор за заклучување за деца Вентилатор Предупредување за чистење на филтерот Приказ на PM2,5 Турборежим Режим на мирување Функција за циркулација Лента за квалитет на воздух МК 5
Преглед на далечинскиот управувач Избор на брзина на вентилаторот Промена на функција* Промена на режим** Вклучување/ исклучување на напојувањето Тајмер Осцилација Ресетирање на филтерот *Притиснете во траење од 3 сек.: Турборежим ( ) **Притиснете во траење од 3 сек.
3 Подготовка за користење Поставување на филтерот Отстранете ја целата амбалажа од филтерот пред првата употреба. Забелешка: проверете дали Air Performer е исклучен од штекер пред да го поставите филтерот. 1 1 2 3 4 5 2 3 4 5 Повлечете го задниот капак и отстранете го од апаратот. Извадете го филтерот од апаратот. Отстранете ја целата амбалажа од филтерот за пречистување на воздух. Вратете го филтерот во апаратот. Поставете го задниот капак.
Постојано свети со бела боја Поврзан е со серверот Исклучено Функцијата за Wi-Fi е оневозможена Wi-Fi-врска Прво поставување на Wi-Fi-врската 1 2 3 4 Преземете и инсталирајте ја апликацијата Philips Air+ од App Store или Google Play. Вметнете го приклучокот на Air Performer во штекер и допрете на за да го вклучите Air Performer. » Индикаторот за Wi-Fi трепка со портокалова боја првиот пат. Проверете дали паметниот телефон или таблетот е успешно поврзан со вашата Wi-Fi-мрежа.
4 Користење на Air Performer Објаснување за лентата за квалитет на воздух Лентата за квалитет на воздух се вклучува автоматски кога ќе се вклучи Air Performer и засветуваат сите бои по ред. По приближно 30 секунди, сензорот за честички ја избира бојата што соодветствува на квалитетот на воздухот во зависност од воздушните честички. Бојата на светлото за квалитет на воздух се одредува според PM2,5 (честички помали од 2,5 микрони). Нивото на релативна влажност (RH) e достапно само преку апликацијата.
Вклучување и исклучување Забелешка: • За оптимални перформанси на пречистување, затворете ги вратите и прозорците. • Погрижете се завесите да бидат подалеку од влезот или излезот за воздух. • Приклучете го апаратот во штекер; немојте да користите продолжителен кабел. 1 2 3 Приклучете го Air Performer во штекер. Допрете на за да го вклучите Air Performer. » Air Performer ќе даде звучен сигнал. » При загревањето, на екранот ќе се прикаже „ “.
Вентилатор ( ): Создава моќен и чист проток на воздух што има природно и пријатно чувство. Благодарение на неговиот дизајн без перки, вентилаторот не создава силен налет на воздух, туку континуиран проток на воздух. Поставување на брзината на вентилаторот Можете рачно да ја поставите брзината на вентилаторот, во опсег од 1 до 10, со притиснување на копчето со стрелка ( / ) на далечинскиот управувач. » Ако не извршите операција во рок од 3 секунди, апаратот се враќа на вообичаениот приказ.
Промена на режим Со притиснување на копчето Режим на мирување. , можете да изберете Автоматски режим или Забелешка: • Режимот управуван преку апликацијата е достапен САМО преку апликацијата откако успешно ќе се поврзете со Wi-Fi-мрежа. Автоматски ( ): апаратот автоматски ги прилагодува поставките за да обезбеди најдобри перформанси. Режим на мирување ( ): апаратот работи тивко со мала брзина. По 3 секунди, светлото на екранот се исклучува.
Поставување тајмер Со тајмерот, можете да го поставите апаратот да работи одреден број часови. Кога ќе измине поставеното време, апаратот автоматски ќе се исклучи. 1 Притиснете го копчето повеќе пати за да изберете колку часа сакате да работи апаратот . » Достапни се опциите: 0,5 ч., 1 ч., 4 ч. или 8 ч. 2 За да го деактивирате тајмерот, притиснете го копчето повеќе пати сè додека на екранот не се прикаже OFF (ИСКЛУЧЕНО).
Чистење на куќиштето на Air Performer Редовно чистете ги внатрешниот и надворешниот дел на Air Performer за да не се насобере прав. • Користете мека и сува крпа за да ги исчистите внатрешната и надворешната површина на Air Performer и отворот за излез на воздух. Чистење на сензорот за честички Чистете го сензорот за честички секои 2 месеци за оптимално работење на апаратот. Забелешка: • Ако Air Performer се користи во правливо опкружување, можеби ќе треба почесто да се чисти.
2 4 3 5 6 2 3 4 5 6 7 8 9 Повлечете го задниот капак и отстранете го од апаратот. Извадете го филтерот од апаратот. Исчистете ја површината на филтерот со правосмукалка. Вратете го филтерот во апаратот. 9 Поставете го задниот капак. Приклучете го Air Performer во штекер. Притиснете го копчето за да вклучите апаратот. Притиснете ги копчињата и и задржете ги 3 секунди за да го ресетирате времето за чистење на филтерот. 10 Темелно измијте ги рацете откако ќе го исчистите филтерот.
1 Исклучете го Air Performer и извлечете го приклучокот од штекер. 2 4 3 5 6 2 3 4 5 6 7 8 9 Повлечете го задниот капак и отстранете го од апаратот. Извадете го филтерот од апаратот. Отстранете ја целата амбалажа од новиот филтер. Ставете го новиот филтер во апаратот. Поставете го задниот капак. 9 Приклучете го Air Performer во штекер. Притиснете го копчето за да вклучите апаратот. Притиснете ги копчињата и и задржете ги 3 секунди за да го ресетирате бројачот за траење на филтерот.
2 3 Приклучете го апаратот во штекер. Во рок од 15 секунди по вклучувањето, притиснете ги копчињата и и задржете ги 3 секунди за да го ресетирате бројачот за траење на филтерот. Замена на батеријата Предупредување: • Ризик од голтање на батерии! Далечинскиот управувач содржи батерија во вид на монета што може да се проголта. Секогаш чувајте ја батеријата подалеку од дофат на деца! • Ако се проголта, батеријата може да предизвика сериозна повреда или смрт.
6 Складирање 1 2 3 4 5 6 Исклучете го Air Performer и извадете го приклучокот од штекер. Исчистете го Air Performer, сензорот за честички и површината на филтерот (погледнете го поглавјето „Чистење и одржување“). Оставете сите делови потполно да се исушат на воздух пред да ги складирате. Ставете го филтерот во херметички затворена пластична кеса. Складирајте ги Air Performer и филтерот на ладно и суво место. Секогаш темелно мијте ги рацете по ракувањето со филтерот.
Проблем Можно решение Апаратот испушта необичен мирис. • • • При првите неколку употреби, апаратот може да испушта мирис на пластика. Тоа е нормално. Ако апаратот испушта мирис на изгорено, веднаш извлечете го приклучокот од штекер. Контактирајте со продавачот на производи од Philips или со овластен сервисен центар на Philips. Филтерот може да испушта непријатен мирис по одреден период на користење поради апсорбирањето на внатрешните гасови.
Проблем Нема проток на воздух или протокот на воздух е многу слаб од отворот за циркулација на воздух. Можно решение • • • • • • Поставувањето на Wi-Fi е неуспешно. • • • • • 20 МК Проверете дали на апаратот е избрана функцијата за вентилатор. Проверете да не има заглавени предмети околу отворот за циркулација на воздух.
8 Гаранција и поддршка Versuni нуди двегодишна гаранција за овој производ по купувањето. Оваа гаранција престанува да важи ако дефектот се должи на неправилно користење или несоодветно одржување. Нашата гаранција не влијае на вашите законски права како потрошувач. За повеќе информации или за користење на гаранцијата, посетете ја нашата веб-страница www.philips.com/support.
Philips и заштитеното лого на Philips се регистрирани заштитни знаци на Koninklijke Philips N.V. и се користат со лиценца. Овој производ е произведен од компанијата Versuni Holding B.V. и се продава под нејзина одговорност, а Versuni Holding B.V. е и давател на гаранцијата за овој производ. 2023 © Versuni Holding B.V. AMF765_user manual_v1.