User manual
Table Of Contents
- Содржина
- 1 Нега на OLED екранот
- 2 Почетен екран
- 3 Поставување
- 4 Далечински управувач
- 5 Вклучување и исклучување
- 6 Инсталирање на канал
- 7 Канали
- 8 ТВ водич
- 9 Поврзување на уреди
- 10 Поврзете го вашиот телевизор
- 11 Извори
- 12 Брзо мени и чести поставки
- 13 Екран и звук
- 14 Апликации
- 15 Систем
- 16 Еко-поставки
- 17 Далечински управувач и додатоци
- 18 Видео записи, фотографии и музика
- 19 Паметни телефони и таблети
- 20 Игри
- 21 Netflix
- 22 Alexa
- 23 Спецификации
- 24 Помош и поддршка
- 25 Безбедност и грижа
- 26 Услови на користење
- 27 Авторски права
- 28 Оградување од одговорност во врска со услугите и/или софтверот понуден од трети страни
- Индекс-каталог
16. Еко-поставки
Поставки за Заштеда на енергија
MENU > Еко-поставки > Заштеда на енергија.
Изберете и потврдете за да ги примените Еко-поставките
на телевизорот. Ова може да ресетира одредени поставки
за сликата на оригиналните поставки и може малку да ја
намали осветленоста на Ambilight*. Имајте предвид дека
оваа поставка може да влијае на вашето доживување при
користењето на телевизорот. Кога ќе се применат Еко-
поставките, ќе се додаде иконата со зелен лист .
* Поставувањето Ambilight е наменето само за моделите
кои ја поддржуваат функцијата Ambilight.
Поставување на исклучување на екранот за заштеда на
потрошувачката на енергијата
MENU > Еко-поставки > Исклучување на екран.
Или, пак, може да го притиснете копчето OPTIONS за да
пристапите до опцијата Исклучување на екран во
изворите на ТВ и HDMI.
Изберете Исклучување на екран и екранот на телевизорот
ќе се исклучи. За да го вклучите екранот на телевизорот,
притиснете го кое било копче (освен , Јачина на
звук + или - и копчињата за навигација) на далечинскиот
управувач.
Поставете тајмер за исклучување на телевизорот
MENU > Еко-поставки > Тајмер за исклучување.
Поставете тајмер за исклучување на телевизорот и
телевизорот ќе се исклучи автоматски за да заштеди
енергија. Притиснете ги копчињата со стрелки / за
навигација за да ја прилагодите вредноста за времето.
Изберете Исклучено за да го деактивирате автоматското
исклучување.
• Телевизорот ќе се исклучи автоматски ако нема
интеракција од корисникот во поставеното време.
• Ако телевизорот го користите како монитор или ако
користите дигитален приемник за да гледате телевизија и
не го користите далечинскиот управувач на телевизорот,
деактивирајте го ова автоматско исклучување.
Поставете Тајмер кога нема сигнал
MENU > Еко-поставки > Тајмер кога нема сигнал.
Поставете Тајмер кога нема сигнал и телевизорот ќе се
исклучи автоматски ако не го прима сигналот од ТВ-
изворот или HDMI-изворот во поставеното време.
Притиснете ги копчињата со стрелки / за навигација за да
ја прилагодите вредноста за времето.
67










