User manual
Table Of Contents
- Содржина
- 1 Нега на OLED екранот
- 2 Почетен екран
- 3 Поставување
- 4 Далечински управувач
- 5 Вклучување и исклучување
- 6 Инсталирање на канал
- 7 Канали
- 8 ТВ водич
- 9 Поврзување на уреди
- 10 Поврзете го вашиот телевизор
- 11 Извори
- 12 Брзо мени и чести поставки
- 13 Екран и звук
- 14 Апликации
- 15 Систем
- 16 Еко-поставки
- 17 Далечински управувач и додатоци
- 18 Видео записи, фотографии и музика
- 19 Паметни телефони и таблети
- 20 Игри
- 21 Netflix
- 22 Alexa
- 23 Спецификации
- 24 Помош и поддршка
- 25 Безбедност и грижа
- 26 Услови на користење
- 27 Авторски права
- 28 Оградување од одговорност во врска со услугите и/или софтверот понуден од трети страни
- Индекс-каталог
11. Извори
11.1. Префрлување на уред
Од листата Извори, можете да се префрлите на кој било од
поврзаните уреди. Можете да се префрлите на приемник
за да гледате телевизија или да ја отворите содржината на
поврзаниот USB-мемориски уред. Можете да се префрлите
на вашите поврзани уреди за да ја гледате нивната
програма, како на пр. на дигитален приемник или на Blu-
ray диск плеер.
За да се префрлите на поврзан уред:
1 - Притиснете SOURCES за да го отворите менито
Извори.
2 - Изберете еден од елементите од листата на извори и
притиснете OK. Телевизорот ќе ја прикаже програмата или
содржината на уредот.
* Забелешка: HDMI-уредот наведен во листата на Извори
како Нерегистриран не може да се контролира со
далечинскиот управувач на телевизорот бидејќи
протоколот за комуникација е ограничен.
11.2. AirPlay и HomeKit
Проследување содржини преку AirPlay
Може да ги проследувате медиумските датотеки во
уредите од Apple на вашиот телевизор преку AirPlay. Одете
во Поставки > Канали и влезни извори > Apple AirPlay и
HomeKit за да ја отворите страницата Поставки за AirPlay и
HomeKit и проверете дали функцијата AirPlay е Вклучена.
Вашиот уред од Apple мора да биде поврзан со истата
домашна Wi-Fi-мрежа како и телевизорот за да
проследувате содржини.
Додајте го вашиот телевизор во Apple HomeKit
За да го додадете вашиот телевизор во HomeKit и да го
контролирате телевизорот преку уреди од Apple:
1 - Одете во Поставки > Канали и влезни извори >
Apple AirPlay и HomeKit за да ја отворите страницата
Поставки за AirPlay и HomeKit.
2 - Изберете Постави во делот HomeKit за да генерирате
QR-код на телевизорот.
3 - На вашиот уред од Apple, отворете ја апликацијата
Почеток и допрете Додај , а потоа скенирајте го QR-
кодот на телевизорот.
4 - Следете ги инструкциите на вашиот уред од Apple и
приклучете го телевизорот во HomeKit.
42










