User Guide

Table Of Contents
правилно поврзан со системот за домашно кино, доколку
користите таков систем за ТВ звукот. Проверете дали сте го
поврзале HDMI кабелот на приклучокот HDMI ARC/eARC на
системот за домашно кино.
• Проверете дали аудио излезот на телевизорот е поврзан
на аудио влезот на Системот за домашно кино.
Треба да се слушне звук од звучниците на HTS уредот
(системот за домашно кино).
Звук со многу шум
Ако гледате видео запис од приклучен USB флеш уред или
поврзан компјутер, звукот од вашиот систем за домашно
кино може да биде изобличен. Овој шум се слуша кога
аудио или видео датотеката има DTS звук, но системот за
домашно кино нема обработување за DTS звук. Ова
можете да го поправите со поставување на
опцијата Формат на дигитален излез на телевизорот
на Стерео.
Притиснете на (Почеток) > Поставки
> Звук > Напредно > Формат на дигитален излез
22.8. HDMI - UHD
HDMI
• Обрнете внимание дека поддршката за HDCP (High-
bandwidth Digital Content Protection) може да го продолжи
времето кое му е потребно на телевизорот за да прикаже
содржини од HDMI уред.
• Ако телевизорот не го препознае HDMI уредот и не се
прикаже слика, префрлете го изворот од еден уред на друг
и потоа повторно назад.
• Ова е Ultra HD TV. Одредени постари уреди - поврзани со
HDMI - не препознаваат телевизор со Ultra HD електронски
и може да не функционираат правилно или да
прикажуваат изобличена слика или звук. За да спречите
неисправно функционирање на таквиот уред, можете да го
поставите квалитетот на сигналот на ниво кое уредот може
да го поднесе. Доколку уредот не користи Ultra HD
сигнали, можете да го исклучите Ultra HD за овој HDMI
приклучок.
Доколку се изобличени сликата и звукот од уредот
поврзан со HDMI, проверете дали различното поставување
на HDMI Ultra HD може да го реши проблемот.
Во Помош > Упатство за користење, притиснете го копчето
во боја Клучни зборови и побарајте HDMI Ultra HD.
• Ако повремено има прекини во звукот, проверете дали
излезни поставки од HDMI уредот се точни.
HDMI EasyLink не функционира
• Проверете дали вашите HDMI уреди се компатибилни со
HDMI-CEC. EasyLink функциите функционираат само со
уреди кои се компатибилни со HDMI-CEC.
HDMI eARC не функционира правилно
• Проверете дали HDMI-кабелот е поврзан со HDMI 1.
• Проверете дали сте го поврзале HDMI-кабелот со
извонредно голема брзина во приклучокот eARC.
• Достапен е само еден eARC-уред истовремено.
Не се прикажува икона за јачина на звук
• Кога се поврзува HDMI-CEC аудио уред и го користите
далечинскиот управувач од телевизорот за да го
прилагодите нивото на јачината на звукот од уредот, оваа
појава е нормална.
22.9. USB
Не се прикажуваат фотографии, видео записи и музика
од USB уред
• Проверете дали USB меморискиот уред е поставен да ја
поддржува класата за масовно складирање, како што е
опишано во документацијата на меморискиот уред.
• Проверете дали USB меморискиот уред е компатибилен
со телевизорот.
• Проверете дали форматите на аудио датотеките и
датотеките со слики се поддржани од телевизорот. За
повеќе информации, во Помош, притиснете го копчето во
боја Клучни зборови и побарајте Мултимедиумски
содржини.
Испрекината репродукција на USB датотеки
• Перформансите за пренос на USB меморискиот уред
може да ја ограничат стапката на пренос на податоци до
телевизорот што предизвикува слаба репродукција.
22.10. Wi-Fi и интернет
Не е пронајдена Wi-Fi мрежа или Wi-Fi мрежата е
изобличена
• Проверете дали firewall-заштитата на вашата мрежа
дозволува пристап на безжичното поврзување на
телевизорот.
• Ако безжичната мрежа не функционира правилно во
вашиот дом, обидете се со инсталирање на кабелска
мрежа.
Интернетот не функционира
• Ако поврзувањето со рутерот е во ред, проверете го
поврзувањето на рутерот на интернет.
Компјутерот и интернет врската се бавни
• Погледнете во упатството за користење на безжичниот
рутер за повеќе информации околу внатрешниот опсег,
стапката на пренос и други фактори на квалитетот на
сигналот.
• Користете брза (широкопојасна) интернет врска за
вашиот рутер.
DHCP
• Ако поврзувањето е неуспешно, можете да ги проверите
поставките за DHCP (Dynamic Host Configuration Protocol) на
рутерот. DHCP треба да е вклучено.
63