User Guide

Table Of Contents
22.6. Слика
Нема слика / изобличена слика
• Проверете дали телевизорот е поврзан со антена или пак
користи сигнал од операторот. Проверете ги кабелските
приклучоци.
• Провете дали е избран точниот извор/влез во менито со
извори. Притиснете на Извори и изберете го
потребниот извор/влез.
• Проверете дали надворешниот уред или извор е
правилно поврзан.
• Проверете дали приемот е слаб.
• Проверете дали сликата е поставена на минимална
вредност. Изберете Стил на слика, изберете стил и
притиснете OK.
• За да проверите дали телевизорот е расипан, обидете се
со репродукција на видео клип. Притиснете Брзо
мени > Помош > Дијагностика на телевизорот >
Проверете го телевизорот. Доколку видео клипот остане
црн, јавете се во Philips. Почекајте да заврши клипот, а
потоа изберете Информации за контакт во менито
Помош. Јавете се на телефонскиот број за вашата земја.
Има звук, но нема слика
• Извршете промена кон други видео извори, а потоа
вратете се назад на тековниот извор.
• Изберете Стил на слика, изберете стил и притиснете OK.
• Вратете го стилот на сликата, вратете се назад на Стил на
слика, а потоа притиснете на Врати стил.
• Ресетирајте ги сите ТВ поставки, одете
во (Почеток) > Поставки > Општи
поставки > Преинсталирање на ТВ.
• Проверете ги приклучоците на изворните/влезните
уреди.
Слаб прием
Доколку сликата на телевизорот е изобличена или варира
во квалитет, можно е влезниот сигнал да е слаб. Слабиот
дигитален сигнал се гледа како слика која што се
испрекинува во квадратчиња и повремено се
замрзнува. Лошиот дигитален сигнал ќе го снема многу
порано отколку лошиот аналоген сигнал.
• Проверете дали антенскиот кабел е правилно поврзан.
• Големите звучници, безжичните аудио уреди, неонските
светилки, високите згради и другите големи предмети
може да влијаат на квалитетот на приемот кога користите
антена. Обидете се да го подобрите приемот со промена
на насоката на антената или со поместување на уредите
подалеку од телевизорот. Лошите временски услови може
да го ослабат приемот.
• Проверете дали сите приклучоци, до или од вашите
уреди, се правилно поврзани.
• Ако приемот е слаб само на еден канал, прилагодете го
овој канал со Аналогно: Рачна инсталација. (Само за
аналогни канали)
• Проверете дали дојдовниот дигитален сигнал е доволно
силен. Додека гледате дигитален канал,
притиснете OPTIONS, изберете Статус и притиснете OK.
Проверете ги опциите Јачина на сигнал и Квалитет на
сигнал.
Слаба слика од уред
• Проверете дали уредот е правилно поврзан. Проверете
дали видео излезот на уредот е поставен на највисоката
можна резолуција, доколку е можно.
• Вратете го стилот на сликата или извршете промена во
друг стил на слика.
Поставките за слика се менуваат по некое време
Проверете дали функцијата Локација е поставена на Дом.
Во овој режим можете да менувате и зачувувате поставки.
(Почеток) > Поставки > Општи поставки > Локација
Се појавува банер
Доколку на екранот повремено се појавува промотивен
банер или пак опцијата Стил на слика автоматски се враќа
на Живописно при стартувањето, телевизорот се наоѓа во
локација на Продавница. Поставете го телевизорот на
локацијата Дом за да го користите во домашни услови.
(Почеток) > Поставки > Општи поставки > Локација
Сликата не го исполнува екранот / Погрешна или
нестабилна големина на сликата / Позицијата на сликата
е неправилна
• Доколку големината на сликата - нејзиниот сооднос - не
го исполнува екранот, со црни ленти во горниот и долниот
дел или на левата и десната страна, притиснете
(Почеток) > Поставки > Слика > Формат на
слика > Исполни екран.
• Доколку големината на сликата се менува
постојано, притиснете (Почеток) > Поставки > Слика >
Формат на слика > Прилагоди на екран.
• Доколку позицијата на сликата не е точна на екранот,
проверете ја резолуцијата на сигналот и типот на излез на
поврзаниот уред, а потоа
притиснете (Почеток) > Поставки > Слика > Формат на
слика > Оригинален.
Сликата од компјутерот не е стабилна
Проверете дали вашиот PC ја користи поддржаната
резолуција и стапка на обновување.
22.7. Звук
Нема звук или слаб квалитет на слика
• Проверете дали поставките за звук на телевизорот се во
ред и притиснете го копчето за јачина на звук или пак
копчето за исклучување на звук .
• Доколку користите дигитален приемник, проверете дали
јачината на звукот на овој приемник не е поставена на
нула или пак звукот не е исклучен.
• Проверете дали телевизорот - аудио сигналот - е
62