User Guide

Table Of Contents
Заменете ги батериите со нови.
22.4. Канали
Не се пронајдени дигитални канали за време на
инсталацијата
• Проверете дали телевизорот е поврзан со антена или пак
користи сигнал од операторот. Проверете ги кабелските
приклучоци.
• Проверете дали во земјата каде што го инсталирате
телевизорот се достапни дигитални канали.
• Проверете дали сте го избрале точниот DVB (Digital Video
Broadcast - Емитување на дигитално видео) систем.
Изберете DVB-T (копнено) кога користите антена или
обична антена, изберете DVB-C (кабелски) доколку
користите ТВ кабелска услуга.
• Повторете ја инсталацијата и проверете дали сте ја
избрале точната земја и систем.
Не се пронајдени аналогни канали за време на
инсталацијата
• Проверете дали телевизорот е поврзан со антена.
Проверете ги кабелските приклучоци.
• Проверете дали сте го избрале точниот DVB (Digital Video
Broadcast - Емитување на дигитално видео) систем.
Изберете DVB-T (копнено) кога користите антена или
обична антена.
• Повторете ја инсталацијата и изберете Дигитални и
аналогни канали за време на инсталацијата.
Некои канали се исчезнати, или пак не може да се
пронајдат сите или некои од претходно инсталираните
канали
• Проверете дали сте ја избрале точната Листа на
канали или Листа на омилени која обично ја гледате.
• Некои канали може да бидат преместени или пак да
бидат избришани од страна на станицата за емитување. Во
листата со нормални канали, обидете се да го побарате
каналот којшто недостасува. Доколку каналот сѐ уште е
достапен, можете да го вратите на листата на омилени.
• Каналот може да се избрише од листата на канали при
Автоматско ажурирање на каналите. Овие автоматски
ажурирања се вршат преку ноќ доколку телевизорот се
наоѓа во режим на подготвеност.
Каналите кои повеќе не постојат се бришат и се додаваат
нови канали на листата на канали. Во ретки прилики,
каналот може да биде избришан затоа што телевизорот не
можел да го пронајде кога вршел проверка за неговото
присуство. Можно е и каналот да не емитува програма
навечер.
За да избегнете бришење на каналите при Автоматското
ажурирање на каналите затоа што телевизорот не можел
да ги пронајде, иако овие канали се сѐ уште присутни,
можете да ја исклучите опцијатаАвтоматско ажурирање
на каналите.
(Почеток) > Поставки > Канали > Инсталирање
антена/кабел, Инсталирање на сателити* > Автоматско
ажурирање на каналите
* Инсталирањето на сателити е наменето само за
моделите што ги поддржуваат сателитските функции.
DVB-T2 HEVC канал
• Погледнете ги техничките спецификации за да проверите
дали вашиот телевизор поддржува DVB-T2 HEVC во вашата
земја и преинсталирајте го DVB-T каналот.
22.5. Сателит
Телевизорот не може да ги пронајде сателитите кои ги
сакам или телевизорот ги инсталира истите сателити
двапати
Проверете дали е поставен точниот број на сателити во
поставките на почетокот на инсталацијата. Можете да го
поставите телевизорот да пребарува еден, два или 3/4
сателити.
LNB уредот со две глави не може да пронајде втор
сателит
• Ако телевизорот пронајде еден сателит, но не може да
пронајде втор, завртете ја чинијата за неколку степени.
Порамнете ја чинијата за да добиете најјак сигнал на
првиот сателит. Проверете го индикаторот за јачина на
сигналот на првиот сателит на екранот.
• Проверете дали поставките се поставени на два сателита.
Промената на поставките на инсталацијата не го решија
мојот проблем
Сите поставки, сателити и канали се зачувуваат само на
крајот на инсталацијата откако ќе завршите.
Сите сателитски канали ги нема
Ако користите Unicable-систем, можно е друг сателитски
приемник во вашиот Unicable-систем да го користи истиот
број на кориснички појас.
Изгледа дека некои сателитски канали исчезнале од
листата на канали
Ако некои канали изгледа дека ги нема или ги промениле
местата, можно е станицата за емитување да ја променила
локацијата на транспондерот за овие канали. За да ги
вратите позициите на каналите во листата на канали,
можете да се обидете со ажурирање на пакетот на канали.
Не можам да отстранам сателит
Пакетите со претплата не дозволуваат да се отстрани
сателит. За да го отстраните сателитот, морате повторно да
ја извршите инсталацијата и да изберете друг пакет.
Понекогаш приемот е слаб
• Проверете дали сателитската чинија е цврсто монтирана.
Силните ветрови може да ја поместат чинијата.
• Снегот и дождот може да го ослабат приемот.
61