User Guide

Table Of Contents
18. Google Assistant
Вашиот телевизор може да работи со Google Assistant.
Google Assistant ви овозможува да го користите вашиот
глас за да го контролирате телевизорот - на пр. за промена
на јачината на звукот, каналите и многу повеќе.
Забелешка: Google Assistant не е достапен на сите јазици и
во сите земји.
За да го овозможите Google Assistant на телевизорот, ќе ви
бидат потребни:
• Google Home-уред, како што е Google Home Mini
• Интернет-врска на телевизорот
• Сметка на Google
• Апликацијата Google Home (верзија за мобилен
телефон/таблет)
Поставување контрола на телевизорот со Google
Assistant
1 - Следете ги упатствата на екранот за да ја прифатите
Политиката на приватност за користењето на функцијата за
гласовна контрола на Google Assistant на овој телевизор.
2 - Изберете име за телевизорот за да може Google
Assistant да го препознае.
3 - Најавете се на вашата сметка на Google. Доколку веќе
имате сметка на Google, најавете се. Доколку немате,
создајте сметка и најавете се. Откако успешно ќе се
најавите, изберете „Get Code“ (Добиј код) за да го добиете
кодот на уредот за овој телевизор за регистрирање на
вашиот уред.
4 - На вашиот мобилен/таблет, пребарајте ја апликацијата
„Google Home“ во продавницата за апликации (iOS и
Android). Преземете и отворете ја апликацијата Google
Home. Најавете се со истата сметка на Google со која го
регистриравте телевизорот. Треба да продолжите со
поставувањето на апликацијата Google Home на
мобилниот телефон/таблетот за да го контролирате
телевизорот со гласовни наредби.
5 - Во апликацијата Google Home, изберете „Поставете
уред“, а потоа изберете „Може да се користи со Google“ и
пребарајте Philips Smart TV. Најавете се за да се поврзете
со вашата сметка на Google и овозможете контрола на
телевизорот во апликацијата Google Home.
6 - Можете да ја користите апликацијата Google Assistant за
да го вклучувате телевизорот со гласовна наредба. За ова,
телевизорот треба да остане во посебен режим на
напојување, што може да доведе до малку поголема
потрошувачка на енергија во режимот на подготвеност.
Подготвени сте да го користите вашиот Google Home-уред
за да го контролирате овој телевизор. Обидете се со
следното:
- Исклучете го телевизорот
- Префрлете на канал 10 на телевизорот
- Канал надолу на телевизорот
- Зголемете ја јачината на звук на телевизорот
- Исклучете го звукот на телевизорот
Забелешка: ако се одјавите од Google Assistant, повеќе
нема да можете да користите гласовни наредби на овој
телевизор. За да ја користите оваа функција повторно, ќе
треба одново да поставите контрола на телевизорот со
Google Assistant.
Google Assistant е достапен на одбрани јазици и во
одбрани земји со почетна поддршка за англиски-UK и
германски-DE. Листата на поддржани јазици/земји ќе се
проширува со текот на времето. За најновата листа на
поддржани јазици и земји контактирајте со нашиот центар
за корисничка поддршка.
Достапноста на услугите зависи од регионот. Дел од или
целосниот софтвер/услугите инсталирани во или достапни
преку производот може да се променат, прекинат,
отстранат, суспендираат или исклучат без известување.
54