User Guide
Table Of Contents
- Содржина
- 1 Преглед на почетен екран
- 2 Поддршка
- 3 Брз водич
- 4 Поставување
- 5 Приклучоци
- 6 Менување на извор
- 7 Канали
- 8 ТВ водич
- 9 Freeview Play (за модели во Обединетото Кралство)
- 10 Видео записи, фотографии и музика
- 11 Отворање на менијата со ТВ поставки
- 12 Лента за контрола при играњето
- 13 Smart TV и апликации
- 14 Netflix
- 15 Amazon Prime Video
- 16 YouTube
- 17 Alexa
- 18 Google Assistant
- 19 Софтвер
- 20 За животната средина
- 21 Спецификации
- 22 Отстранување на проблеми
- 23 Безбедност и грижа
- 24 Услови на користење
- 25 Авторски права
- 26 Отворен изворен код
- 27 Оградување од одговорност во врска со услугите и/или софтверот понуден од трети страни
- Индекс-каталог
13. Smart TV и
апликации
13.1. Поставување на Smart
телевизорот
При првото отворање на Smart телевизорот, потребно е да
ја конфигурирате вашата врска. Прочитајте ги и согласете
се со одредбите и условите за да продолжите.
Почетниот екран на Smart TV е вашата врска со интернет.
Можете да изнајмувате филмови онлајн, да читате
весници, да гледате видео записи, да слушате музика, да
купувате онлајн или да гледате ТВ програми кога вам ви
одговара благодарение на Online TV.
TP Vision Europe B.V. не сноси никаква одговорност во
однос на содржината и на квалитетот на содржината која е
понудена од страна на обезбедувачите на таквите
содржини.
13.2. Продавница за апликации
Отворете ја картичката Апликации на почетниот екран за
да ги разгледате Апликациите, колекција на приспособени
веб-сајтови за телевизорот.
Пронајдете ги апликациите за видео записи од YouTube,
национален весник, онлајн фото-албум итн. Има
апликации преку кои можете да изнајмите видео од
онлајн видео продавницата и апликации преку кои можете
да ги гледате програмите кои сте ги пропуштиле. Доколку
Апликацијата во Апликации ја нема содржината што ја
барате, обидете се со сурфање на интернет на
телевизорот.
Категории на Апликации
Можете да ги подредите Апликациите во Апликации по
категории како што се Ново, Видео, Забава, Вести или
Животен стил.
Вклучени апликации
Во оваа област, Philips нуди широк опсег на препорачани
апликации за вас. Можете да изберете и да ги инсталирате
за да го збогатите вашиот живот со Smart TV.
Интернет
Оваа апликација ви овозможува интернет на вашиот
телевизор.
На вашиот телевизор можете да отворате интернет веб-
сајтови, но повеќето од нив не се прилагодени за ТВ екран.
- Одредени plug-in додатоци (на пр. за да гледате страници
или видео записи) не се достапни на вашиот телевизор.
- Интернет страниците се прикажуваат на една страница и
на цел екран.
48