User Guide
Table Of Contents
- Содржина
- 1 Преглед на почетен екран
- 2 Поддршка
- 3 Брз водич
- 4 Поставување
- 5 Приклучоци
- 6 Менување на извор
- 7 Канали
- 8 ТВ водич
- 9 Freeview Play (за модели во Обединетото Кралство)
- 10 Видео записи, фотографии и музика
- 11 Отворање на менијата со ТВ поставки
- 12 Лента за контрола при играњето
- 13 Smart TV и апликации
- 14 Netflix
- 15 Amazon Prime Video
- 16 YouTube
- 17 Alexa
- 18 Google Assistant
- 19 Софтвер
- 20 За животната средина
- 21 Спецификации
- 22 Отстранување на проблеми
- 23 Безбедност и грижа
- 24 Услови на користење
- 25 Авторски права
- 26 Отворен изворен код
- 27 Оградување од одговорност во врска со услугите и/или софтверот понуден од трети страни
- Индекс-каталог
12. Лента за контрола
при играњето
Лентата за контрола при играњето е интегриран центар за
прикажување информации и контрола на поставките
додека играте игра. Таа се применува за HDMI-извор сè
додека Стилот на слика е поставен на Game/HDR
Game/Dolby Vision Game.
Кога телевизорот автоматски се префрла во режим за игри
(преку функцијата за откривање игри), телевизорот ќе
прикаже порака за да го информира корисникот дека
режимот за игри е овозможен, а лентата за контрола при
играњето може да се овозможи со долго притиснување на
копчето MENU.
Активирање и деактивирање
Долго притиснете на копчето MENU за да ја отворите
лентата за контрола при играњето додека сте во режимот
за игри. За да ја деактивирате лентата за контрола при
играњето, можете да притиснете на Назад или таа
автоматски ќе се затвори по 25 секунди без никаква
интеракција.
Лента за контрола при играњето содржи Контролна табла
и Поставки, можете да ги притиснете стрелките (десно)
или (лево) за да се префрлувате меѓу контролната табла
и поставките.
Контролна табла
Контролната табла ги прикажува најважните информации
за игрите:
Доцнење на влезниот сигнал: тековен статус на
доцнењето на влезниот сигнал
Стапка на слики: тековни FPS (слики во секунда)
Резолуција: резолуција на изворот за видео
Вид на содржина: видеосодржината е Општо или
Филмови или, пак, VRR/Freesync/G-Sync
Формат SDR/HDR: поддржан вид на извор HDR или SDR
Простор на бои: поддржан вид на простор на бои
Поставки
Поставките содржат поврзани поставки што може да го
подобрат вашето доживување на игрите. Изберете и
притиснете OK на иконите за поставките за да ги
промените следните поставки:
Покажувач: изберете Вклучено/Исклучено за да се
прикаже или скрие индикаторот за нишанење.
Контрола на сенки: изберете Исклучено за да го користите
тековното ниво на црната боја во поставките за слика;
изберете Вклучено за да ја промените поставката во
повисоко ниво на црната боја.
Температура на боите: изберете ја температурата на боите
по ваша желба.
Излез за аудио: изберете уред за репродукција на звук.
Стил на Ambilight: изберете Вклучено за да ја вклучите
функцијата Ambilight со стил за игри; изберете Исклучено
за да ја исклучите функцијата Ambilight.
* Поставувањето Ambilight е наменето само за моделите
кои ја поддржуваат функцијата Ambilight.
47