User Guide

Table Of Contents
ги сите на зададените поставки.
Ресетирајте ги сите поставки за звук во EasyLink 2.0 на
оригиналните фабрички поставки.
Напредни поставки за звук
Контрола на јачината на звукот
Автоматска јачина на звукот
(Почеток) > Поставки > Звук > Напредно > Автоматска
јачина на звукот
Изберете Вклучено за автоматско израмнување на
ненадејните разлики во јачината на звукот. Ова најчесто се
случува кога менувате канали. Изберете Ноќен режим за
поудобно и тивко искуство при слушањето.
Јачина на делта
(Почеток) > Поставки > Звук > Напредно > Јачина на
делта
Поставката за јачина на делта може да се користи за да се
прилагоди и урамнотежи разликата во нивото на звук
помеѓу ТВ каналот и HDMI влезниот извор. Притиснете ги
копчињата со стрелки / за навигацијаза да ја прилагодите
делта вредноста за јачината на ТВ звучникот.
* Забелешка: Функцијата Јачина на делта е достапна кога
влезниот извор е поставен на HDMI или аналогни извори, а
Аудио излезот е поставен на ТВ звучници или на HDMI
звучен систем.
Поставки за аудио излез
(Почеток) > Поставки > Звук > Напредно > Аудио излез
Поставете го телевизорот да репродуцира звук на
телевизорот или на поврзаниот аудио систем.
Можете да изберете каде сакате да го слушате ТВ звукот и
како сакате да го контролирате.
• Ако изберете ТВ звучници, ТВ звучниците секогаш ќе
бидат вклучени. За овој режим важат сите поставки
поврзани со звукот.
• Ако изберете Оптички, звучниците на телевизорот се
исклучуваат и звукот ќе се репродуцира преку уредот
поврзан во Digital Audio Out - Optical.
Со аудио уред поврзан на HDMI CEC, изберете HDMI
звучен систем. Телевизорот ќе ги исклучи ТВ звучниците
кога уредот репродуцира звук.
Притиснете Јачина на звук + или - за да го прилагодите
нивото на јачина на звук на избраниот извор на излезен
сигнал.
eARC
Поставување на eARC
(Почеток) > Поставки > Звук > Напредно > eARC
Поставете го режимот eARC на Автоматски или Исклучен.
HDMI eARC (подобрен повратен аудиоканал) е подобрена
верзија на претходниот ARC. Ги поддржува најновите
аудиоформати со голема брзина на пренос до 192 kHz, 24
бита и некомпресиран звук со 5.1, 7.1 и 32 канали.
HDMI eARC е достапен само на HDMI 1.
Поставки за дигитален излез
Поставките за дигитален излез се достапни за SPDIF
(оптичките) и за HDMI ARC звучните сигнали.
Формат на дигитален излез
(Почеток) > Поставки > Звук > Напредно > Формат на
дигитален излез
Поставете го излезниот аудио сигнал на телевизорот да
одговара на звучните можности на поврзаниот систем за
домашно кино.
Стерео (некомпресирано): Ако вашите уреди за аудио
репродукција немаат повеќеканална обработка на звук,
изберете да се репродуцира само стерео содржина на
уредите за аудио репродукција.
Повеќеканално: Изберете да се репродуцира
повеќеканална аудио содржина (компресиран
повеќеканален звучен сигнал) или стерео аудио содржина
на вашите уреди за аудио репродукција.
Повеќеканално (заобиколување): Изберете за да го
испратите оригиналното проследување на битови од HDMI
ARC кон поврзаниот HDMI звучен систем.
- Проверете дали уредите за аудио репродукција ја
поддржуваат функцијата Dolby Atmos.
- SPDIF излезот (DIGITAL AUDIO OUT) ќе биде оневозможен
при проследување на Dolby Digital Plus содржините.
Изедначување на дигитален излез
(Почеток) > Поставки
> Звук > Напредно > Изедначување на дигитален излез
Прилагодете го нивото на засилување на звукот од уред
кој е поврзан на дигитален аудио излез (SPDIF) или HDMI.
• Изберете Повеќе за поголема јачина на звукот.
• Изберете Помалку за помала јачина на звукот.
Доцнење на дигитален излез
(Почеток) > Поставки > Звук > Напредно > Доцнење на
дигитален излез
Кај одредени системи за домашно кино можеби ќе треба
да го прилагодите доцнењето на синхронизацијата на
38