User Guide
Table Of Contents
- Содржина
- 1 Преглед на почетен екран
- 2 Поддршка
- 3 Брз водич
- 4 Поставување
- 5 Приклучоци
- 6 Менување на извор
- 7 Канали
- 8 ТВ водич
- 9 Freeview Play (за модели во Обединетото Кралство)
- 10 Видео записи, фотографии и музика
- 11 Отворање на менијата со ТВ поставки
- 12 Лента за контрола при играњето
- 13 Smart TV и апликации
- 14 Netflix
- 15 Amazon Prime Video
- 16 YouTube
- 17 Alexa
- 18 Google Assistant
- 19 Софтвер
- 20 За животната средина
- 21 Спецификации
- 22 Отстранување на проблеми
- 23 Безбедност и грижа
- 24 Услови на користење
- 25 Авторски права
- 26 Отворен изворен код
- 27 Оградување од одговорност во врска со услугите и/или софтверот понуден од трети страни
- Индекс-каталог
EasyLink 2.0
Контролирајте ги поставките за звук на звучниот HDMI-
систем преку EasyLink 2.0
(Почеток) > Поставки > Звук > EasyLink 2.0.
Можете да ги прилагодите поединечните поставки за звук
на звучниот HDMI-систем преку Чести поставки или
Поставки > Звук > EasyLink 2.0. Ова важи само за звучни
HDMI-системи што се компатибилни со EasyLink 2.0. За да
ја вклучите контролата, проверете дали ставката во менито
за контрола на звукот преку EasyLink 2.0 е поставена на
Вклучено во Општи поставки > EasyLink > Контрола на
звукот преку EasyLink 2.0.
Изберете стил на звук
(Почеток) > Поставки > Звук > EasyLink 2.0 > Стил на
звук.
Префрлувајте помеѓу однапред поставените стилови на
звук. Постојат идеални стилови за гледање филмови,
слушање музика или други звучни содржини.
• Филмови - идеален стил на звук за гледање филмови.
• Музика - оптимизирано за слушање музика.
• Глас - подобрена разбирливост на дијалозите.
• Стадион - дава чувство на голем стадион на отворено.
• Прилагодено - персонализиран режим на звук.
Поставката е достапна само кога поврзаниот уред е
компатибилен со телевизорот за функцијата.
Прилагодете го нивото на бас
(Почеток) > Поставки > Звук > EasyLink 2.0 > Бас.
Притиснете ги копчињата со стрелки / за навигација за да
го прилагодите нивото на бас.
Прилагодете го нивото на високите тонови
(Почеток) > Поставки > Звук > EasyLink 2.0 > Високи
тонови.
Притиснете ги копчињата со стрелки / за навигација за да
го прилагодите нивото на високите тонови.
Прилагоден еквилајзер
(Почеток) > Поставки > Звук > EasyLink 2.0 > Прилагоден
еквилајзер.
Прилагодливи фреквенциски опсези кога Стилот на звук е
поставен на Прилагодено. Притиснете ги копчињата со
стрелки / за навигација за да го прилагодите нивото на
еквилајзерот врз основа на AI. Поставката е достапна само
кога поврзаниот уред е компатибилен со телевизорот за
функцијата.
Опкружувачки звук
(Почеток) > Поставки > Звук > EasyLink
2.0 > Опкружувачки звук.
Изберете опкружувачки ефект од однапред поставените
типови.
• Зголемување на бројот на канали - зголемете го бројот
на канали за максимално да ги искористите сите звучници.
• Стандардно - репродукцијата од звучниците ги следи
оригиналните канали.
• Опкружувачки звук врз основа на AI - oптимален
опкружувачки ефект со користење анализа врз основа на
AI.
DRC
(Почеток) > Поставки > Звук > EasyLink 2.0 > DRC.
Изберете ја претпочитаната Контрола на динамички опсег
(DRC).
• Автоматски - динамичкиот опсег се прилагодува
автоматски.
• Вклучено - оптимизирање на динамичкиот опсег.
• Исклучено - исклучување на прилагодувањето на
динамичкиот опсег.
Височински звучници
(Почеток) > Поставки > Звук > EasyLink 2.0 > Височински
звучници.
Изберете претпочитано движење за височинските
звучници. Поставката е достапна само кога поврзаниот
уред е компатибилен со телевизорот за функцијата.
• Автоматски - динамично движење што ја следи
содржината.
• Вклучено - секогаш на висока положба.
• Исклучено - рамна положба.
Изберете звучно поле
(Почеток) > Поставки > Звук > EasyLink 2.0 > Звучно
поле.
Изберете доживување при слушањето. Поставката е
достапна само кога поврзаниот уред е компатибилен со
телевизорот за функцијата.
• Автоматски - динамична поставка за следење на
содржината.
• Вклучено - сеопфатно звучно поле што е соодветно за
гледање филмови.
• Исклучено - кристално јасно звучно поле што е соодветно
за слушање музика и дијалози.
Ресетирај ги сите на зададените поставки
(Почеток) > Поставки > Звук > EasyLink 2.0 > Ресетирај
37