User Guide

Table Of Contents
8. ТВ водич
8.1. Што ви е потребно
Со ТВ водичот можете да гледате листа на тековни и
закажани ТВ програми на вашите канали. Во зависност од
тоа од каде доаѓаат информациите од ТВ водичот
(податоците), се прикажуваат аналогни или дигитални или
пак само дигитални канали. Не сите канали нудат
информации од ТВ водичот.
Телевизорот може да собира информации од ТВ водичот
за каналите кои се инсталирани на телевизорот (на пр.
каналите кои ги гледате со Гледај ТВ водич). Телевизорот
не може да собира информации од ТВ водичот за канали
кои се гледаат од дигитален приемник.
8.2. Користење на ТВ водичот
Отворање на ТВ водичот
За да го отворите ТВ водичот, притиснете TV GUIDE.
Повторно притиснете TV GUIDE за да го затворите.
Првиот пат кога ќе го отворите ТВ водичот, телевизорот ги
скенира сите ТВ канали за информации за програмите. Ова
може да потрае неколку минути. Податоците од ТВ
водичот се зачувуваат на телевизорот.
Вклучување на програма
Префрлување на програма
• Од ТВ водичот можете да се префрлите на тековна
програма.
• За да изберете програма, користете ги копчињата со
стрелки за да го означите името на програмата.
• Движете се кон десно за да ги видите програмите кои се
закажани за подоцна истиот ден.
• За да се префрлите на програмата (каналот), изберете ја
програмата и притиснете OK.
Преглед на детали за програмата
За да погледнете детали за избраната програма,
притиснете INFO.
Ажурирање на ТВ-водичот
Можете да го ажурирате ТВ-водичот за да ги добиете
најновите информации за програмите.
За да го ажурирате ТВ-водичот, притиснете OPTIONS и
изберете Ажурирај ТВ-водич*. Можеби ќе бидат потребни
неколку минути за да заврши ажурирањето.
* Забелешка: Не е достапно кога е активирана услугата UK
Freeview Play.
Промена на ден
Ако информациите од ТВ водичот доаѓаат од станицата за
емитување, можете да притиснете Канал нагоре за да го
погледнете распоредот за еден од наредните денови.
Притиснете Канал надолу за да се вратите на претходниот
ден.
Алтернативно, можете да притиснете OPTIONS и да
изберете Промена на ден.
Пребарување по жанр
Ако се достапни такви информации, можете да
пребарувате закажани програми по жанр како филмови,
спорт, итн.
За да пребарувате програми по жанр,
притиснете OPTIONS и изберете Пребарување по
жанр*.
Изберете жанр и притиснете OK. Ќе се прикаже листа со
пронајдените програми.
* Забелешка: Не е достапно кога е активирана услугата UK
Freeview Play.
28