User Guide

Table Of Contents
ја овозможите операцијата (погледнете во поглавјето „ТВ
водич“).
На секоја страница од ТВ водичот, постои опција „Дали сте
знаеле“ којашто е вметната на листата на вашите омилени
канали. „Дали сте знаеле“ - каналот нуди корисни совети
за подобрување на начинот на кој го користите
телевизорот.
* Сателитските канали може да се пребаруваат само на ТВ
моделите xxPxSxxxx.
7.5. Текст / Телетекст
Превод од Текст
Ако се вклучите на аналоген канал, потребно е рачно да го
овозможите преводот за секој канал.
1 - Додека гледате телевизиски канали, притиснете
OPTIONS, па изберете Телетекст за да отворите
Текст/Телетекст.
2 - Внесете го бројот на страницата за титлови кој е
обично 888.
3 - Доколку е потребно, притиснете (налево) повеќепати
за да го затворите менито.
Ако изберете Вклучено во менито за титлови кога гледате
аналоген канал, ќе се прикажат титлови доколку се
достапни.
За да дознаете дали каналот е аналоген или дигитален,
префрлете се на каналот и притиснете INFO.
Страници на Текст
Ако вашиот далечински управувач има копче TEXT, можете
да притиснете TEXT за да отворите Текст / Телетекст
додека гледате телевизиски канали. За да го затворите
менито Текст, повторно притиснете го копчето TEXT.
Ако вашиот далечински управувач нема копче TEXT,
притиснете OPTIONS додека гледате телевизиски канали,
па изберете Телетекст за да отворите Текст/Телетекст.
Изберете страница на Текст
За да изберете страница . . .
1 - Внесете го бројот на страницата со копчињата со бројки.
2 - Користете ги копчињата со стрелки за навигација.
3 - Притиснете копче во боја за да изберете тема во боја во
долниот дел на екранот.
Потстраници на Текст
Еден број на страница со Текст може да содржи неколку
потстраници. Броевите на потстраниците се прикажуваат
на лента веднаш до бројот на главната страница.
За да изберете потстраницa, притиснете или .
T.O.P. Страници на Текст
Некои станици за емитување нудат T.O.P. текст.
За да отворите страници со T.O.P. текст во рамките на
Текст, притиснете OPTIONS и изберете T.O.P. преглед.
* До телетекстот може да се пристапи кога каналите се
инсталирани директно на внатрешниот приемник на
телевизорот и кога е поставен ТВ режим. Доколку
користите дигитален приемник, телетекстот нема да биде
достапен преку телевизорот. Во тој случај, може да се
користи телетекстот на дигиталниот приемник.
Опции за Текст
Во Текст/Телетекст, притиснете OPTIONS за да го изберете
следното…
Замрзнување на страница / Одмрзнување на страница
За да ја запрете автоматската ротација на потстраниците.
Двоен екран / Цел екран
За приказ на ТВ каналот и Текстот едно покрај друго.
T.O.P. преглед
За да отворите T.O.P. текст.
Зголеми / Нормален приказ
За да ја зголемите страницата со Текст за попријатно
читање.
Откриј
За откривање на скриени информации на страницата.
Прелистување на потстраници
За прелистување на потстраници доколку се достапни.
Јазик
За менување на групата на симболи кои ги користи Текстот
за правилен приказ.
Текст 2.5
За активирање на Текст 2.5 за повеќе бои и подобра
графика.
Поставување на Текст
Јазик на Текст
Кај некои станици за емитување на дигитална телевизија
достапни се неколку јазици на Текст.
Поставување на претпочитан јазик на телетекст
(Почеток) > Поставки > Регион и јазик > Јазик > Основен
телетекст, Секундарен текст
Текст 2.5
Доколку е достапен, Текст 2.5 нуди повеќе бои и подобра
графика. Текст 2.5 се активира како стандардно фабричко
поставување.
За да го исклучите 2.5…
1 - Притиснете TEXT или притиснете OPTIONS, а потоа
изберете Телетекст.
2 - Кога Текст/Телетекст ви е отворен на екранот,
притиснете OPTIONS.
26