User Guide

Table Of Contents
На телевизор кој не е сѐ уште инсталиран
1 - Приклучете го приклучокот за напојување за да ја
започнете инсталацијата и изберете го јазикот и земјата.
Можете да го прескокнете пребарувањето на канали.
Завршете со инсталацијата.
2 - Приклучете го USB флеш уредот кој ја содржи листата
на канали од другиот телевизор.
3 - За да започнете со вчитувањето на листата на канали,
изберете (Почеток) > Поставки > Канали > Копирање
листа на канали или Копирање на сателитска листа >
Копирај на телевизор и притиснете OK. Доколку е
потребно, внесете го PIN кодот.
4 - Телевизорот ќе ве извести доколку копирањето на
листата на канали на телевизорот е успешно. Извадете го
USB флеш уредот.
На инсталирани телевизори
Во зависност од тоа дали вашиот телевизор е инсталиран
или не, мора да користите различен метод на вчитување
на листата на канали.
На инсталиран телевизор
1 - Потврдете го поставувањето за земјата на телевизорот.
(За да го потврдите ова поставување, погледнете го делот
Преинсталирање на канали. Започнете ја оваа постапка сѐ
додека не дојдете до поставувањето за земјата.
Притиснете Назад за да ја откажете инсталацијата.)
Ако земјата е точна, продолжете со чекор 2.
Ако земјата не е точна, потребно е преинсталирање.
Погледнете го делот Преинсталирање на канали и
започнете со инсталацијата. Изберете ја точната земја и
прескокнете го пребарувањето на каналите. Завршете со
инсталацијата. Кога ќе бидете готови, продолжете со чекор
2.
2 - Приклучете го USB флеш уредот кој ја содржи листата
на канали од другиот телевизор.
3 - За да започнете со вчитувањето на листата на канали,
изберете (Почеток) > Поставки > Канали > Копирање
листа на канали или Копирање на сателитска листа >
Копирај на телевизор и притиснете OK. Доколку е
потребно, внесете го PIN кодот.
4 - Телевизорот ќе ве извести доколку копирањето на
листата на канали на телевизорот е успешно. Извадете го
USB флеш уредот.
Опции за канал
Отворање на опциите
Додека гледате канал, можете да поставите одредени
опции.
Во зависност од типот на каналот кој го гледате или во
зависност од ТВ поставките кои сте ги извршиле, достапни
се одредени опции.
За да го отворите менито со опции…
1 - Додека гледате канал, притиснете OPTIONS.
2 - Повторно притиснете на OPTIONS за да го затворите
менито.
Информации за програмата
Изберете Информации за програмата за да ги погледнете
информациите за програмата што ја гледате.
За да погледнете деталите за избраната програма…
1 - Вклучете се на каналот.
2 - Притиснете INFO за да ги отворите или затворите
информациите за програмата.
3 - Или, пак, можете да притиснете OPTIONS,
изберете Информации за програмата и притиснете OK за
да ги отворите информациите за програмата.
4 - Притиснете Назад за да ги затворите информациите
за програмата.
Титлови
За да вклучите Титлови, притиснете OPTIONS и
изберете Титлови.
Опцијата Титлови може да ја поставите на Вклучени
титлови или Исклучени титлови. Алтернативно, можете да
изберете Автоматски.
Автоматски
Доколку информациите за јазикот се дел од дигиталното
емитување, а емитуваната програма не е на вашиот јазик
(поставениот јазик на телевизорот), телевизорот може
автоматски да прикаже титлови на еден од вашите
претпочитани јазици на титл. Еден од овие јазици на титл
мора истовремено да биде дел од емитувањето.
Можете да ги изберете вашите претпочитани јазици на
титл во Јазик на титл.
Јазик на титл
Ако не е достапен ниеден од претпочитаните јазици на
титл, можете да изберете друг јазик на титл доколку е
достапен. Доколку не е достапен ниеден јазик на титл, не
можете да ја изберете оваа опција.
За повеќе информации, во Помош, притиснете го копчето
во боја Клучни зборови и побарајте Јазик на титл.
Аудио јазик
Ако не е достапен ниеден од претпочитаните аудио јазици,
можете да изберете друг аудио јазик доколку е достапен.
Доколку не е достапен ниеден аудио јазик, не можете да ја
изберете оваа опција.
За повеќе информации, во Помош, притиснете го копчето
во боја Клучни зборови и побарајте Аудио јазик.
22