User Guide
Table Of Contents
- Содржина
- 1 Преглед на почетен екран
- 2 Поддршка
- 3 Брз водич
- 4 Поставување
- 5 Приклучоци
- 6 Менување на извор
- 7 Канали
- 8 ТВ водич
- 9 Freeview Play (за модели во Обединетото Кралство)
- 10 Видео записи, фотографии и музика
- 11 Отворање на менијата со ТВ поставки
- 12 Лента за контрола при играњето
- 13 Smart TV и апликации
- 14 Netflix
- 15 Amazon Prime Video
- 16 YouTube
- 17 Alexa
- 18 Google Assistant
- 19 Софтвер
- 20 За животната средина
- 21 Спецификации
- 22 Отстранување на проблеми
- 23 Безбедност и грижа
- 24 Услови на користење
- 25 Авторски права
- 26 Отворен изворен код
- 27 Оградување од одговорност во врска со услугите и/или софтверот понуден од трети страни
- Индекс-каталог
Порака за ажурирањето на канали
(Почеток) > Поставки > Канали > Инсталирање на
сателити > Порака за ажурирањето на канали
Кога ќе се пронајдат нови канали или кога ќе се ажурираат
или отстрануваат канали, при вклучувањето на
телевизорот ќе се прикаже порака. За да се избегне
појавувањето на оваа порака по секое ажурирање на
каналот, можете да ја исклучите.
Опција за автоматско ажурирање
(Почеток) > Поставки > Канали > Инсталирање на
сателити > Опција за автоматско ажурирање
Поништете го изборот на сателитот ако не сакате
автоматски да се ажурира.
* Достапно само кога опцијата Листа на сателитски
канали е поставена на Од подреден пакет
Рачна инсталација
(Почеток) > Поставки > Канали > Инсталирање на
сателити > Рачна инсталација
Рачно инсталирајте сателити.
• LNB - Изберете LNB уред за кој сакате да додадете нови
канали.
• Поларизација - Изберете ја потребната поларизација.
• Режим на стапка на симболи - Изберете Рачно за да ја
внесете стапката на симболи.
• Фреквенција - Внесете ја фреквенцијата за
транспондерот.
• Пребарај - Пребарајте го транспондерот.
Сателитски CAM модули
Ако користите CAM – Conditional Access Module (Модул за
условен пристап) со smart картичка – за да гледате
сателитски канали, ви препорачуваме да ја извршите
сателитската инсталација со CAM модулот вметнат во
телевизорот.
Повеќето CAM модули се користат за декодирање на
канали.
CAM модулите (CI+ 1.3 со профил на оператор) можат сами
да ги инсталираат сите сателитски канали на вашиот
телевизор. CAM модулот ќе ве запраша дали да ги
инсталира неговите сателити и канали. Овие CAM модули
не само што инсталираат и декодираат канали туку и
вршат редовни ажурирања на каналите.
Копирање на листа на канали
Вовед
Функциите Копирање на листа на канали и Копирање на
сателитска листа се наменети за продавачи и напредни
корисници.
Со функциите Копирање листа на канали/Копирање на
сателитска листа, можете да ги копирате каналите
инсталирани на еден телевизор во друг Philips TV од ист
тип. Можете да го избегнете долгото пребарување на
канали со вчитување на однапред дефинирана листа на
канали на телевизорот.
Услови
• Двата телевизора да се од истата година.
• Двата телевизора да имаат ист тип на хардвер.
Проверете го типот на хардверот на плочката со ознака на
задната страна на телевизорот.
• Двата телевизора да имаат компатибилни верзии на
софтверот.
• Користете USB флеш уред од минимум 1 GB.
Копирање на листа на канали, проверка на верзијата на
листата на канали
Копирајте ја листата на канали на USB флеш уред
За да копирате листа на канали…
1 - Вклучете го телевизорот. Телевизорот треба да има
инсталирани канали.
2 - Приклучете USB-флеш уред во приклучокот USB 2*.
3 - Изберете (Почеток) > Поставки > Канали > Копирање
листа на канали или Копирање на сателитска листа и
притиснете OK.
4 - Изберете Копирај на USB-уред и притиснете OK.
5 - Кога копирањето ќе заврши, извадете го USB флеш
уредот.
Сега можете да ја вчитате ископираната листа на канали на
друг Philips TV.
* Забелешка: само USB-портата што е означена со USB 2
поддржува копирање листа на канали.
Проверка на верзијата на листа на канали
(Почеток) > Поставки > Канали > Копирање на листа на
канали или Копирање на сателитска листа > Тековна
верзија
Вчитување на листа на канали
На неинсталирани телевизори
Во зависност од тоа дали вашиот телевизор е инсталиран
или не, мора да користите различен метод на вчитување
на листата на канали.
21