User Guide

Table Of Contents
повеќето кабелски оператори во вашата земја.
Целосноl: Ако ова доведе да нема инсталирани канали
или пак ако недостасуваат одредени канали, можете да го
изберете подолгиот метод Целосно . На овој метод ќе му
биде потребно повеќе време за да пребара и да инсталира
канали.
Напредно: Ако сте добиле специфична вредност на
фреквенција на мрежа за пребарување на канали,
изберете Напредно.
Чекор на големина за фреквенција
Телевизорот пребарува канали во чекори од по 8MHz.
Ако ова доведе да нема инсталирани канали или пак ако
недостасуваат одредени канали, можете да пребарувате
со помали чекори од по 1MHz. Ако користите чекори од по
1MHz, потребно е повеќе време за пребарување и
инсталирање на канали.
Режим на фреквенција на мрежа
Ако имате намера да го користите брзиот
метод Брзо во Скенирање на фреквенција за да
пребарувате канали, изберете Автоматски. Телевизорот ќе
користи 1 од однапред дефинираните фреквенции на
мрежа (или HC - самонасочувачки канал) кои ги користат
повеќето кабелски оператори во вашата земја.
Ако сте добиле специфична вредност на фреквенција на
мрежа за пребарување на канали, изберете Рачно.
Фреквенција на мрежа
Кога опцијата Режим на фреквенција на мрежа е
поставена на Рачно, можете да ја внесете вредноста на
фреквенцијата на мрежа која сте ја добиле од вашиот
кабелски оператор. За да ја внесете вредноста, користете
ги копчињата со бројки.
ID на мрежа
Внесете ID на мрежа испорачана од вашиот кабелски
оператор.
Режим на стапка на симболи
Ако вашиот кабелски оператор не ви дал специфична
вредност на стапка на симболи за инсталирање на ТВ
каналите, оставете го поставувањето Режим на стапка на
симболи на Автоматски.
Ако сте добиле специфична вредност на стапка на
симболи, изберете Рачно.
Стапка на симболи
Кога опцијата Режим на стапка на симболи е поставена
на Рачно, можете да ја внесете вредноста на стапката на
симболи користејќи ги копчињата со бројки.
Бесплатни/кодирани
Ако имате претплата и CAM - Conditional Access Module
(Модул за условен пристап) за ТВ услуги со плаќање,
изберете Бесплатни + Кодирани. Ако не сте се
претплатиле да плаќате ТВ канали или услуги, можете да
изберете Само бесплатни канали.
Автоматско пребарување на канали
(Почеток) > Поставки > Канали > Инсталирање
антена/кабел > Автоматско ажурирање на каналите
Ако примате дигитални канали, можете да го поставите
телевизорот автоматски да ја ажурира листата со нови
канали.
Алтернативно, можете и сами да извршите ажурирање на
каналите.
Автоматско ажурирање на каналите
Еднаш дневно, во 6 часот наутро, телевизорот ги ажурира
каналите и зачувува нови канали. Новите канали се
зачувуваат во листата Сите канали, но и во листата Нови
канали. Празните канали се отстрануваат.
Кога ќе се пронајдат нови канали или кога ќе се ажурираат
или отстрануваат канали, при вклучувањето на
телевизорот ќе се прикаже порака. Телевизорот мора да
биде во режим на подготвеност за да ги ажурира каналите
автоматски.
Порака за ажурирањето на канали
(Почеток) > Поставки > Канали > Инсталирање
антена/кабел > Порака за ажурирањето на канали
Кога ќе се пронајдат нови канали или кога ќе се ажурираат
или отстрануваат канали, при вклучувањето на
телевизорот ќе се прикаже порака. За да се избегне
појавувањето на оваа порака по секое ажурирање на
каналот, можете да ја исклучите.
Дигитално: Тест на прием
(Почеток) > Поставки > Канали > Инсталирање
антена/кабел > Дигитално: тест на прием
Ќе се прикаже дигиталната фреквенција за каналот. Ако
приемот е слаб, можете да ја поместите антената. За
повторно да го проверите квалитетот на сигналот на оваа
фреквенција, изберете Пребарај и притиснете OK.
За сами да внесете одредена дигитална фреквенција,
користете ги копчињата со бројки на далечинскиот
управувач. Алтернативно, изберете ја фреквенцијата,
поставете ги стрелките на бројка со и и променете ја
бројката со и . За да ја проверите фреквенцијата,
изберете Пребарај и притиснете OK.
Аналогно: Рачна инсталација
(Почеток) > Поставки > Канали > Инсталирање
антена/кабел > Аналогно: рачна инсталација
Аналогните ТВ канали може рачно да се инсталираат,
канал по канал.
Систем
За да го поставите ТВ системот, изберете Систем.
19