User Guide

Table Of Contents
Блокирање на уред
Првиот пат кога ќе добиете барање за поврзување од
уред, можете да го блокирате уредот. Барањето од овој
уред и сите барања од него во иднина ќе бидат
игнорирани.
За да блокирате уред…
Изберете Блокирај… и притиснете OK.
Деблокирање на сите уреди
Сите претходно поврзани и блокирани уреди се зачувуваат
во листата на поврзувања на функцијата Пресликување на
екранот. Ако ја избришете оваа листа, сите блокирани
уреди ќе се деблокираат.
За да ги деблокирате сите блокирани уреди…
(Почеток) > Поставки > Безжичен пренос и мрежи
> Жично или Wi-Fi > Ресетирај ги врските за
Пресликување на екранот.
Блокирање на претходно поврзан уред
Ако сакате да блокирате уред кој претходно сте го
поврзале, потребно е прво да ја избришете листата со
врски за Пресликување на екранот. Ако ја избришете оваа
листа, ќе треба да го потврдите или блокирате
поврзувањето за секој уред повторно.
Ресетирај ги врските за Пресликување на екранот
Сите претходно поврзани уреди се зачувуваат во листата
со врски за Пресликување на екранот.
За да ги избришете сите поврзани уреди со Пресликување
на екранот:
(Почеток) > Поставки > Безжичен пренос и
мрежа > Жично или Wi-Fi > Ресетирај ги врските за
Пресликување на екранот.
Доцнење на екранот
Вообичаеното доцнење при споделување на екран со
Пресликување на екранот е околу 1 секунда. Доцнењето
може да биде подолго ако користите постари уреди со
помала моќ на обработка.
Апликација Philips Smart TV
Апликацијата Philips Smart TV на вашиот паметен телефон
или таблет е вашиот нов ТВ-пријател. Апликацијата ви
овозможува да менувате канали и да ја прилагодувате
јачината на звукот — исто како и далечински управувач.
Преземете ја апликацијата Philips Smart TV од вашата
омилена продавница за апликации уште денес.
Апликацијата Philips Smart TV е достапна за iOS и Android и
е бесплатна.
Или, пак, одете во (Почеток) > Поставки > Безжичен
пренос и мрежи > Жично или Wi-Fi > QR-код за
апликацијата за далечинско управување и притиснете OK;
ќе се појави QR-код на екранот од телевизорот. Скенирајте
го QR-кодот со вашиот мобилен уред и следете ги
инструкциите за да ја преземете и инсталирате
апликацијата Philips Smart TV. Кога ја користите
апликацијата, вашиот мобилен уред и телевизор од Philips
треба да се поврзат со истата Wi-Fi-мрежа.
5.7. Друг уред
CAM со smart картичка - CI+
Информации за CI+
Овој телевизор е подготвен за CI+ условен пристап.
Со CI+ можете да гледате врвни HD програми, како
филмови и спорт, кои ги нудат операторите со дигитална
телевизија во вашиот регион. Овие програми се кодирани
од страна на ТВ операторот и се декодираат со припејд CI+
модул.
Кога се претплаќате на нивните премиум програми,
операторите со дигитална телевизија нудат CI+ модул
(Модул за условен пристап - CAM) заедно со smart
картичка. Овие програми имаат високо ниво на заштита од
копирање.
За повеќе информации околу одредбите и условите,
обратете се на операторот со дигитална телевизија.
14