User Guide

Table Of Contents
HDMI ARC/eARC
Само HDMI 1 приклучокот на телевизорот има HDMI
ARC (повратен аудио канал).
Ако уредот, обично систем за домашно кино (HTS), исто
така има HDMI ARC приклучок, поврзете го на кој било
HDMI приклучок на овој телевизор. Со HDMI ARC
приклучокот, нема потреба да поврзувате дополнителен
аудио кабел кој го испраќа звукот од ТВ сликата кон HTS
уредот. HDMI ARC приклучокот ги комбинира двата
сигнали.
HDMI eARC (подобрен повратен аудиоканал) е подобрена
верзија на претходниот ARC. Ги поддржува најновите
аудиоформати со голема брзина на пренос до 192 kHz, 24
бита и некомпресиран звук со 5.1, 7.1 и 32 канали.
Забелешка: HDMI eARC е достапен само на HDMI 1.
Користете HDMI-кабел со извонредно голема брзина за
eARC. Достапен е само еден eARC-уред истовремено.
Дигитален аудио излез - Оптички
Оптички аудио излез е висококвалитетен приклучок за
звук.
Овој оптички приклучок може да поддржува 5,1 аудио
канали. Ако вашиот уред, обично систем за домашно кино
(HTS), нема HDMI ARC приклучок, можете да го користите
овој приклучок со приклучокот за Оптичкиот аудио влез на
HTS уредот. Приклучокот за Оптички аудио излез го
испраќа звукот од телевизорот на HTS уредот.
5.6. Мобилен уред
Пресликување на екранот
Повеќе за функцијата Пресликување на екранот
Можете да гледате фотографии или да репродуцирате
музика и видеозаписи од мобилен уред на вашиот
телевизор со Пресликување на екранот. Мобилниот уред и
телевизорот треба да се во рамките на истиот опсег, што
обично значи дека треба да се во истата просторија.
Користење на Пресликување на екранот
Вклучете Пресликување на екранот
Притиснете
SOURCES > Пресликување на екранот
Споделување на екран на телевизор
1 - Активирајте Пресликување на екранот на вашиот
мобилен уред.
2 - На вашиот мобилен уред, изберете го телевизорот.
(Овој телевизор ќе биде прикажан според името на ТВ
моделот)
3 - Изберете го името на телевизорот на вашиот мобилен
уред и откако ќе извршите поврзување, ќе можете да
уживате во користењето на Пресликување на екранот.
Запирање со споделување
Можете да запрете со споделување на екранот од
телевизорот или од мобилниот уред.
Од уредот
Со апликацијата која ја користите за да ја активирате
функцијата Пресликување на екранот, можете да се
исклучите и да запрете со гледање на екранот на уредот на
телевизорот. Телевизорот ќе се врати на последно
избраната програма.
Од телевизорот
За да запрете со гледање на екранот на уредот на
телевизорот, можете да . . .
• притиснете
EXIT за да гледате ТВ емитување
• притиснете (Почеток) за да започнете со друга
активност на телевизорот
• притиснете
SOURCES за да го отворите менито Извори
и да изберете поврзан уред.
13