User Guide
Table Of Contents
- Содржина
- 1 Преглед на почетен екран
- 2 Поддршка
- 3 Брз водич
- 4 Поставување
- 5 Приклучоци
- 6 Менување на извор
- 7 Канали
- 8 ТВ водич
- 9 Freeview Play (за модели во Обединетото Кралство)
- 10 Видео записи, фотографии и музика
- 11 Отворање на менијата со ТВ поставки
- 12 Лента за контрола при играњето
- 13 Smart TV и апликации
- 14 Netflix
- 15 Amazon Prime Video
- 16 YouTube
- 17 Alexa
- 18 Google Assistant
- 19 Софтвер
- 20 За животната средина
- 21 Спецификации
- 22 Отстранување на проблеми
- 23 Безбедност и грижа
- 24 Услови на користење
- 25 Авторски права
- 26 Отворен изворен код
- 27 Оградување од одговорност во врска со услугите и/или софтверот понуден од трети страни
- Индекс-каталог
5. Приклучоци
5.1. Водич за поврзување
Секогаш поврзувајте го уредот на телевизорот користејќи
го најквалитетниот можен приклучок. Исто така, користете
кабли со добар квалитет за да обезбедите добар пренос на
сликата и звукот.
Кога поврзувате уред, телевизорот го препознава типот и
на секој уред му дава точно име на типот. Ако сакате,
можете да го промените името на типот. Ако е поставено
точно име на типот на уредот, телевизорот автоматски се
префрлува на идеалните ТВ поставки кога се префрлувате
на овој уред во менито Извори.
5.2. Антена
Вметнете го антенскиот приклучок цврсто во приклучокот
за Антена на задната страна на телевизорот.
Можете да ја поврзете вашата антена или антенски сигнал
од антенскиот дистрибутивен систем. Користете IEC
коаксијален RF антенски приклучок од 75 оми.
Користете го овој антенски приклучок за DVB-T и DVB-C
влезни сигнали.
5.3. Сателит
Прикачете го сателитскиот приклучок од тип F во
сателитскиот приклучок SAT на задната страна на
телевизорот.
5.4. Видео уред
HDMI
HDMI приклучокот нуди најдобар квалитет на слика и звук.
За најквалитетен можен пренос на сигналот, користете
HDMI кабел со голема брзина не подолг од 5 m, а уредите
кои поддржуваат HDR поврзувајте ги на
приклучоците HDMI.
Заштита од копирање
HDMI каблите поддржуваат HDCP (High-bandwidth Digital
Content Protection). HDCP претставува сигнал за заштита од
копирање кој го спречува копирањето на содржини од
DVD диск или Blu-ray диск. Исто така е познат како DRM
(Управување со дигитални права).
5.5. Аудио уред
12