User Guide

Table Of Contents
4. Поставување
4.1. Прочитајте ги
безбедносните инструкции
Пред да го користите телевизорот, прво прочитајте ги
безбедносните инструкции.
За да ги прочитате инструкциите, во Помош > Упатство за
користење, притиснете го копчето во боја Клучни
зборови и побарајте Безбедност и грижа.
4.2. Положба на телевизорот
Совети за положбата
• Поставете го телевизорот каде што светлината не свети
директно на екранот.
• Идеалното растојание за гледање телевизија е од 2 до 5
пати по дијагоналната големина на екранот. При седење,
очите треба да ви се на еднакво рамниште со центарот на
екранот.
• Препорачано растојание до ѕидот:
A. Кога е монтиран на ѕид, поставете го телевизорот на
далечина од 7 до 10 cm од ѕидот.
B. Кога телевизорот има држач, поставете го телевизорот
на далечина од 10 до 20 cm од ѕидот, во зависност од
големината на држачот.
Забелешка:
Држете го телевизорот подалеку од извори на прашина
како што се шпоретите. Се препорачува редовно да ја
чистите прашината за да не навлезе во телевизорот.
Држач за телевизор
Инструкциите за монтирање на држачот за телевизорот
можете да ги најдете во Водичот за почеток на користење
кој е испорачан со телевизорот. Во случај да сте го
загубиле овој водич, можете да го преземете
од www.philips.com/TVsupport.
Искористете го бројот на моделот на телевизорот за да
побарате Водич за почеток на користење за преземање.
Монтирање на ѕид
Телевизорот е подготвен за носачот за монтирање на ѕид
(се продава посебно).
Големината на носачот за монтирање на ѕид може да се
разликува во зависност од различните видови на задни
куќишта; погледнете го Водичот за брз почеток во
пакувањето на производот за да видите која големина се
користи за вашиот телевизор.
Користете ги следните димензии кога купувате носач за
монтирање на ѕид.
• 43PUS7609
200x100, M6 (мин.: 8 mm, макс: 10 mm)
• 50PUS7609
200x100, M6 (мин.: 8 mm, макс: 10 mm)
• 55PUS7609
200x100, M6 (мин.: 8 mm, макс: 10 mm)
• 65PUS7609
400x300, M8 (мин.: 12 mm, макс.: 22 mm)
• 75PUS7609
400x300, M8 (мин.: 12 mm, макс.: 22 mm)
Внимание
Монтирањето на телевизорот на ѕид бара посебни
вештини и треба да се извршува само од страна на
обучени лица. Монтирањето на телевизорот на ѕид треба
да ги исполнува безбедносните стандарди според
тежината на телевизорот. Прочитајте ги безбедносните
мерки пред да го поставите телевизорот.
TP Vision Europe B.V. не сноси никаква одговорност за
неправилно поставување на ѕид кое може да резултира со
несреќен случај или повреда.
4.3. Вклучување на телевизорот
Поврзување на кабелот за напојување
• Вметнете го кабелот за напојување во
приклучокот POWER на задната страна на телевизорот.
• Проверете дали кабелот за напојување е безбедно
вметнат во приклучокот.
• Проверете дали приклучокот за напојување, во ѕидниот
штекер, е достапен во секое време.
• Кога го откачувате кабелот за напојување, секогаш
влечете го приклучокот, не кабелот.
10