Operating instructions

Англиски - 26 -
Во таков случај, MAC адресата се потврдува секој пат
кога ќе се поврзете на интернет.
Ова е мерка за претпазливост против неовластен
пристап. Бидејќи вашиот телевизор има сопствена MAC
адреса, вашиот давател на интернет услуги не може да
ја потврди MAC адресата на вашиот телевизор. Вашиот
телевизор не може да се поврзе на интернет од оваа
причина. Контактирајте со вашиот давател на интернет
услуги и побарајте информации како да поврзете друг
уред, како што е вашиот телевизор, на интернет.
Исто така е можно врската да не биде достапна поради
проблем со огнениот ѕид. Ако сметате дека ова го
предизвикува вашиот проблем, контактирајте со вашиот
давател на интернет услуги. Огнен ѕид може да биде
причина за проблем при поврзување и пронаоѓање при
употреба на телевизорот во режим на споделување на
аудио и видео датотеки или додека пребарувате преку
карактеристиката за споделување на аудио и видео
датотеки.
Невалиден домен
Обезбедете дека веќе сте се најавиле на вашиот
компјутер со овластено корисничко име/лозинка и исто
така обезбедете дека вашиот домен е активен пред да
споделувате датотеки во вашата програма за медиумски
сервер на вашиот компјутер. Ако доменот е невалиден,
ова може да предизвика проблеми додека пребарувате
датотеки во режимот на споделување на аудио и видео
датотеки.
Употребување на мрежна услуга за
споделување на аудио и видео датотеки
Карактеристиката за споделување на аудио и видео
датотеки употребува стандард којшто го олеснува
процесот на прегледување на дигитална електроника и
ја олеснува нивната употреба на домашна мрежа.
Овој стандард ви овозможува да прегледате и пуштате
фотографии, музика и видеа што се меморирани на
медиумски сервер што е поврзан со вашата домашна
мрежа.
1. Инсталирање на Nero Media Home
Карактеристиката за споделување на аудио и видео
датотеки не може да се употребува ако програмата за
серверот не е инсталирана на вашиот компјутер. Ве
молиме опремете го вашиот компјутер со програмата
Nero Media Home. За повеќе информации, ве молиме
погледнете во делот „Инсталирање на Nero Media
Home“.
2. Поврзување на физички поврзана или
безжична мрежа
Видете ги деловите Физичка/Безжична поврзливост
за детални информации за конфигурациите.
3. Пуштање на споделени датотеки преку
Media Player
Изберете Media Player со употреба на левото или
десното копче од главното мени и притиснете OK.
Потоа ќе биде прикажан медиумскиот пребарувач.
Споделување на аудио и видео датотеки
Поддршката за споделување на аудио и видео датотеки
е достапна само во режимот Media Player Folder. За
да го активирате режимот на папки, одете до јазичето
Setup на почетниот екран на медиумскиот пребарувач
и притиснете OK. Обележете View Style и поставете го
на Folder со употреба на левото или десното копче.
Изберете го саканиот тип на медиум и притиснете OK.
Ако конфигурациите за споделување се соодветно
поставени, ќе се прикаже екранот Device Selection
по избирање на саканиот тип на медиум. Ако бидат
пронајдени достапни мрежи, тие ќе бидат набројани
на овој екран. Изберете го меидумскиот сервер или
мрежа на којшто сакате да се поврзете со употреба на
копчињата за нагоре и надолу и притиснете OK. Ако
сакате да го освежите списокот на уреди, притиснете
го зеленото копче. Можете да притиснете Menu за да
излезете.
Ако го изберете типот на медиум како Videos, изберете
уред од менито за избор. Потоа изберете ја папката што
содржи видео датотеки на следниот екран и ќе бидат
набројани сите достапни видео датотеки.
За да пуштите други типови на медиуми од овој екран,
морате да се вратите до главниот екран на Media
Player, изберете го саканиот тип на медиум и повторно
направете го изборот на мрежа. Погледнете во делот за
менито Media Player за понатамошни информации за
пуштањето на датотеките.
Датотеките со превод нема да работат ако гледате
виде од вашата мрежа преку карактеристиката за
споделување на аудио и видео датотеки.
Можете да поврзете само еден телевизор на една иста
мрежа. Ако дојде до проблем со мрежата, ве молиме
исклучете го вашиот телевизор од штекерот и повторно
вклучете го во него. Карактеристиката за споделување
на аудио и видео датотеки не го поддржува режимот на
преминување на различни рамки и скок.
Белешка: Може да има некои компјутери коишто нема
да можат да ја употребуваат карактеристиката
за споделување на аудио и видео датотеки поради
администраторските и безбедносните поставувања (како
што се деловните компјутери).
Софтверот Nero треба да биде инсталиран за најдобро
мрежно пуштање со овој телевизор.