Operating Instruction

Не расклопувајте и не менувајте ја структурата
на ТВ и контролата на допир.
Вграден безжичен LAN
Внимание
Не употребувајте го безжичниот LAN за да се
поврзете со безжична мрежа (SSID*) за која немате
дозвола за користење. Овие мрежи може да се
појават во фазата на пребарување. Сепак, нивното
користење може да се смета за нелегален пристап.
*SSID е име за идентификација на одредени
безжични мрежи.
Не изложувајте го безжичниот LAN на високи
температури, влага и сончева светлина.
Податоците кои се примаат и пренесуваат може
да бидат надгледувани.
Вградениот безжичен LAN користи 2.4 GHz и 5
GHz фреквенција. За да се избегнат дефекти или
бавен одговор предизвикани поради пречки во
радиобрановите, ставете го ТВ на место подалеку
од уреди како други безжични LAN уреди,
микробранови, мобилни телефони и уреди кои
користат 2.4 GHz и 5 GHz сигнали.
Кога ќе се појави шум поради статички
електрицитет и сл., ТВ може да престане да работи
за заштита на други уреди, затоа исклучете го ТВ
со прекинувачот On / Off, и повторно вклучете го.
Дополнителни информации за безжичниот
LAN и пристапната точка ќе најдете на:
http://panasonic.net/viera/support
Блутут (Bluetooth
®)
безжична технологија
Опасни делови/Мали предмети
Предупредување
Овој производ содржи опасни делови, како
пластични ќеси, кои може да предизвикаат
гушење ако бидат голтнати од мали деца.
Чувајте ги подалеку од дофат на децата.
Не дозволувајте мали деца да ракуваат
со мали предмети како SD
картичка. Малиот предмет
може да биде голтнат од мали
деца. Извадете ја SD
картичката веднаш по употреба
и чувајте ја подалеку од дофат
на мали деца.
Статив
Предупредување
Не расклопувајте го стативот.
Внимание
Не употребувајте друг статив освен оној што е
доставен со ТВ.
Не употребувајте го стативот ако е физички
оштетен. Контактирајте го најблискиот
Панасоник дистрибутер за замена.
За време на инсталација, уверете се дека сите
шрафови се добро затегнати.
Уверете се дека ТВ нема да биде оштетен за време
на монтирање на стативот.
Уверете се дека деца нема да се качуваат на
стативот.
Монтирајте го стативот на ТВ со помош од
најмалку едно лице.
Инсталирајте го според наведената постапка.
Радиобранови
Внимание
ТВ и контролата на допир користат 2.4 GHz
радиофреквенција ISM (Bluetooth
®
). За да се избегнат
дефекти или бавен одговор предизвикани поради
пречки во радиобрановите, ставете го ТВ на место
подалеку од уреди како други безжични LAN уреди,
блутут уреди, микробранови, мобилни телефони и
уреди кои користат 2.4 GHz и 5 GHz сигнали.
вентилација
Внимание
Оставете доволно простор околу ТВ за
прекумерната топлина да не доведе до дефект на
некои електронски компоненти.
Минимално растојание:
Предупредување
Не употребувајте го ТВ и контролата на допир
во близина на медицински институции или
места со медицинска опрема. Радиобрановите
може да предизвикаат пречки на медицинската
опрема и да предизвикаат несреќи.
Не употребувајте го ТВ и контролата на допир во
близина на автоматска опрема за контрола како
автоматски врати или аларми за пожар.
Радиобрановите може да предизвикаат пречки на
автоматската опрема и да предизвикаат несреќи.
Оставете растојание од најмалку 22 cm од ТВ
и контролата на допир ако имате срцев
пејсмејкер. Радиобрановите може да
предизвикаат пречки на работата на
пејсмејкерот.
(cm)
Блокирана вентилација од
весници, чаршави, завеси и
сл., може да предизвика
прегревање, пожар или ел.
удар
Без разлика дали користите статив или не,
уверете се дека отворите за вентилација на
долниот дел на ТВ не се блокирани и дека
има доволно простор за правилна
вентилација.
5
10
10
10
10
За да спречите појава
на пожар, свеќите и
друг вид отворен
оган чувајте ги
подалеку од овој
производ.