Operating instructions
Најчесто поставувани
прашања
Пред да побарате услуга или помош, ве молиме следете ги
следниве едноставни упатства за да го решите проблемот.
За повеќе информации, погледнете во [eHELP]
(Support>FAQs).
ТВ-уредот не се вклучува.
Проверете дали главниот кабел е приклучен во ТВ-
уредот и во ѕидниот приклучок.
ТВ-уредот преминува во состојба на мирување.
Активирана е функцијата за автоматско преминување
во состојба на мирување.
Далечинскиот управувач не работи или е во прекин.
Дали батериите се правилно поставени? (стр. 12)
Дали ТВ-уредот е вклучен?
Можеби батериите се ослабени. Заменете ги.
Насочете го далечинскиот управувач директно кон
приемникот на сигналот на ТВ-уредот (приближно до
7 м и во агол до 30 степени кон приемникот на
сигналот).
Поставете го ТВ-уредот подалеку од сончева светлина
или од други извори на силна светлина, за да не
светат во приемникот за сигнали на далечинскиот
управувач на ТВ-уредот.
Не се прикажува слика.
Проверете дали е вклучен ТВ-уредот.
Проверете дали главниот кабел е приклучен во ТВ-
уредот и во ѕидниот приклучок.
Проверете дали е одбран точен режим за влез.
Проверете ги поставките за [AV2] ([COMPONENT]/
[VIDEO]) во [Input Selection] дали се совпаѓаат со
излезот на екстерната опрема.
Проверете дали [Contrast] (Контраст), [Brightness]
(Осветлување) или [Colour] (Боја) во Picture Menu
(Мени за слика) се поставени на минимум.
Проверете дали сите потребни кабли и поврзувања се
цврсто поставени на местото.
Се прикажува невообичаена слика.
Исклучете го напојувањето на ТВ-уредот со главниот
преклопник On/Off, а потоа повторно вклучете го.
Ако проблемот сè уште постои, иницијализирајте ги
сите поставки [Shipping Condition] во [System
Menu] (Setup Menu).
Делови од ТВ-уредот стануваат жешки.
Дури и кога делови од предниот, задниот и горниот
панел се со зголемена температура, ова зголемување
на температурата нема да предизвика никаков
проблем во смисол на квалитетот и перформансите.
LCD панелот се поместува и се слуша звук на
крцкање кога ќе го допрете со прст.
Има мало растојание помеѓу панелот за да се спречи
оштетување на панелот. Ова не претставува грешка.
Одржување
Редовна грижа:
Нежно бришете ја површината на панелот за
прикажување, куќиштето или подножјето со користење на
мека крпа за да ја исчистите нечистотијата или дамките
од прсти.
Тврдокорна нечистотија:
(1) Прво исчистете го правот од површината.
(2) Навлажнете ја меката крпа со чиста вода или
разреден неутрален детергент (еден дел детергент
на сто делови вода).
(3) Цврсто исцедете ја крпата. (Ве молиме, внимавајте
да не влезе течност во внатрешноста на ТВ-уредот.
Тоа може да предизвика оштетување на производот.)
(4) Конечно, избришете ја целата влага.
Внимание
Бришете го главниот приклучок со сува крпа во редовни
интервали. Влагата и правот можат да предизвикаат
пожар или електричен удар.
Главен приклучок
Панел за прикажување, куќиште, подножје
Прво, отстранете го главниот приклучок за
напојување со електрична енергија на ТВ-
уредот од ѕидниот приклучок.
Не користете крута крпа или не бришете ја
површината премногу силно. Ова може да предизвика
гребнатини на површината.
Внимавајте да не ја изложувате површината на
средство за уништување инсекти, растворувачи,
разредувачи или други испарливи супстанции. Ова
може да го влоши квалитетот на површината или да
предизвика лупење на бојата.
Површината на панелот за прикажување е специјално
третирана и може лесно да се оштети. Не потчукнувајте
ја или не гребете површината со вашите нокти или
друг тврд предмет.
Не дозволувајте куќиштето и подножјето да бидат во
допир со гумена супстанција или со ПВЦ-супстанција
подолг период. Ова може да го влоши квалитетот на
површината.
Македонски










