Operating Instruction

- 4 -
Опрема од Класа II со функционално
заземјување: Овој уред е дизајниран на
таков начин што не бара безбедносно
поврзување со електрично заземјување,
поврзувањето со заземјување се употребува
за функционални цели.
Заштитно поврзување со заземјување:
Означениот терминал е наменет за
поврзување на заштитниот проводник за
заземјување поврзан со инсталацијата за
напојување.
Опасен активен терминал: Означениот(те)
терминал(и) е/се опасен(ни) активен(ни) под
нормални услови на работење.
i
Внимание, видете Упатство за употреба:
Означениот(те) дел(ови) содржи(ат) батерии
во форма на паричка или копче што можат
да бидат заменет од ракувачот.
CLASS 1
LASER PRODUCT
Ласерски производ од
Класа 1:
Овој производ содржи
ласерски извор од Класа 1
што е безбеден под разумно
предвидливи услови на
ракување.
ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ
Не ја апсорбирајте батеријата, опасност од
хемиски изгореници
(Снабдените додатоци или) Овој производ може да
содржи батерија во форма на паричка/копче.
Доколку батеријата биде проголтана, таа може да
предизвика сериозни внатрешни изгореници во рок
од 2 часа и да доведе до смрт.
Држете ги новите и употребените батерии подалеку
од
деца.
Ако лежиштето на батеријата не се затвора
како што треба, престанете да го употребувате
производот и држете го понастрана од деца.
Ако сметате дека биле проголтани батерии или
поставени во кој било дел од телото, веднаш
побарајте медицинска помош.
ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ
Никогаш не поставувајте телевизор на нестабилно
место. Телевизорот може да падне и да
предизвика сериозна повреда или смрт. Многу
повреди, особено на деца, можат да бидат
избегнати со преземање на едноставни мерки за
претпазливост како што се;
Употреба на шкафови или држачи препорачани
од страна на производителот на телевизорот.
Употреба
само на мебел кој може безбедно да го
поддржува телевизорот.
Обезбедување дека телевизорот не виси на
работ од потпорниот мебел.
Непоставување на телевизорот на секаков
мебел (на пример, креденци или рафтови)
ако претходно мебелот и телевизорот не биле
прикачени на соодветна потпора .
Образовање на децата за опасностите
од качување
на мебелот за да стигнат до
телевизорот или до неговите копчиња.
Ако сте го задржале и преместиле вашиот тековен
телевизор, горенаведеното треба да се примени
и за него.
Одржување
Прво, извадете го приклучокот за напојување од
штекер.
Панел за прикажување, шкаф, поставка
Редовна грижа:
Внимателно избришете ја површината на панелот за
прикажување, шкафот или поставката со употреба
на мека крпа за да ја отстраните нечистотијата или
отпечатоците од прсти.
За тврдоглави нечистотии:
1. Прво исчистете ја прашината од површината.
2. Навлажнете мека крпа со чиста вода или разреден
неутрален детергент (1 дел детергент во
однос на
100 делови вода).
3. Добро исцедете ја крпата. (Ве молиме внимавајте
да не дозволите течност да влезе во телевизорот
бидејќи може да доведе до расипување на
производот.)
4. Внимателно избршете ја тврдоглавата нечистотија
со влажна, а потоа и со сува крпа.
5. На крај, избришете ја целата влага.
Внимание
Не употребувајте тврда крпа ниту пак ја тријте
површината премногу силно, инаку ова може да
предизвика изгребатини на површината.
Внимавајте да не ги подложите површините на
инсектициди, растворувачи, разредувачи или
други испарливи материи. Ова може да го намали
квалитетот на површината или да предизвика
лупење на бојата.