Operating Instruction

- 30 -
Пребарувачот не поддржува повеќекратни
јазичиња.
Некои веб страни имаат содржина во Flash. Таа
не е поддржана од пребарувачот.
Вашиот телевизор не поддржува процеси на
симнување од интернет преку пребарувачот.
HBBTV систем
HbbTV (Hybrid Broadcast Broadband TV) е нов
индустриски страндард кој непрекинато ги поврзува
телевизиските услуги обезбедени со услугите
обезбедени преку широкопојасно поврзување
и овозможува пристап до интернет услуги за
корисници со употреба на поврзаниот телевизор
и сет-топ бокс. Услугите обезбедени преку HbbTV
опфаќаат традиционални телевизиски канали,
алтернативни услуги на пренос, видео на барање,
EPG, интерактивно огласување, персонализација,
гласања, игри, социјални мрежи и други
мултимедијални апликации.
Апликациите на HbbTV се достапни на каналите
каде што се сигнализирани од радио-дифузерот (во
моментот има различни канали од Astra преносот на
HbbTV апликациите). Радио-дифузерот означува една
апликација какоавтоматска и оваа автоматски се
вклучува од платформата. Автоматските апликации
ошто се вклучуваат
преку мала икона со црвено
копче за да го известат корисникот дека има HbbTV
апликација на тој канал. Притиснете го црвеното
копче за да ја отворите страната на апликацијата.
Откако ќе се прикаже страната, можете да се вратите
до првичната состојба на икона со црвено копче со
повторно притискање на црвеното копче. Можете
да се префрлате меѓу режимот на икона со црвено
копче и режим на целосен кориснички интерфејс на
апликацијата со притискање на црвеното копче.
Имајте на ум дека способноста за префрлање на
црвеното копче е обезбедена од апликацијата и некои
апликации можат да се одесуваат различно.
Ако префрлите на друг
канал додека е активна некоја
HbbTV апликација (во режим на црвено копче или на
целосен кориснички интерфејс), може да се случи
некое од следните сценарија.
Апликацијата може да продолжи да работи.
Апликацијата може да биде прекината.
Апликацијата може да биде прекината и друга
автоматска апликација со црвено копче може
да
биде вклучена.
HbbTV им овозможува на апликациите да бидат
воспоставени од широкопојасно поврзување и од
пренос. Радио-дифузерот може да ги овозможи двата
начини или само едниот од нив. Ако платформата
нема оперативно широкопојасно поврзување,
платформата сепак може да ги вклучи апликациите
од преносот.
Автоматските апликации со црвено копче обично
обезбедуваат врски до други апликации. Пример
за ова е прикажан подолу. Корисникот може да
се префрла на други апликации со употребување
на обезбедените врски. Апликациите треба да
обезбедуваат начин за самопрекинување, обично за
ова се употребува копче Exit.
Скица a: Апликација на почетна лента
Скица b: EPG апликација, видео од пренос е
прикажано во левиот долен дел, може да биде
прекината со притискање на 0.
HbbTV апликациите ги употребуваат копчињата
на далечинскиот управувач за комуникација со
корисникот. Кога една HbbTV ќе биде вклучена,
апликацијата ќе ја има контролата врз некои од
копчињата. На пример, нумеричкиот избор на
канали може
да не функционира на апликација со
телетекст и броевите ќе ги означуваат страниците на
телетекстот.
HbbTV условува AV капацитет на пуштање за
платформата. Има многу апликации коишто
обезбедуваат VOD (видео на барање) и алтернативни
услуги на телевизиски пренос.
Корисникот може да ги употреби копчињата за
пуштање, пауза, запирање, премотување нанапред
и наназад на
далечинскиот управувач за да
комуницира со AV содржината.
Белешка: Можете да ја активирате или деактивирате
оваа карактеристика од менито More во менито Setup.