Operating Instruction
- 26 -
Широкопојасна
ISP врска
Безжичниот N рутер (IEEE 802.11a/b/g/n) со
истовремени 2.4 и 5 GHz должини е дизајниран да ја
зголеми брановата должина. Овие се оптимизирани
за поглатко и побрзо пуштање на HD видео,
трансфери на датотеки и безжично играње на игри.
• Употребете LAN врска за побрзо споделување на
датотеки меѓу уреди како што се компјутерите.
• Фреквенцијата и каналот се
разликуваат зависно
од местото.
• Брзината на пренос се разликува зависно од
далечината и бројот на попреки меѓу производите
на преносот, конфигурацијата на овие производи,
условите на радио брановите, линискиот
сообраќај и производите коишто ги користите вие.
Преносот исто така може да биде прекинат или
да биде запрен зависно од условите
на радио
брановите, DECT телефоните или други WiFi 11b
уреди. Стандардните вредности на брзината на
пренос се теоретските максимални вредности
за стандардите на безжичните врски. Тие не се
вистинските брзини на пренос на податоци.
• Локацијата кадешто преносот е најефикасен се
разликува зависно од средината на употреба.
• Каратеристиката Wireless на телевизорот
поддржува типови на
модеми 802.11 a,b,g и n. Се
препорачува да го употребувате комуникацискиот
протокол IEEE 802.11n за да избегнете можни
проблеми додека гледате видеа.
• Морате да го смените SSID на вашиот модем кога
во близина има други модеми со ист SSID. Инаку
можете да наидете на проблеми со поврзувањето.
Употребете физичко поврзување ако имате
проблеми со безжичното поврзување.
Конфигурирање на поставувањата на
безжичните уреди
Отворете го менито Network/Internet Settings
и изберете Network Type како Wireless Device за да
го започнете процесот на поврзување.
Телевизорот автоматски ќе ги скенира безжичните
мрежи.
Ќе биде прикажан список со достапните мрежи. Ве
молиме изберете ја вашата сакана мрежа од списокот.
Белешка: Ако модемот поддржува N режим, треба да ги
воспоставите поставувањата за N режим.
Ако избраната мрежа е заштитена со лозинка, ве
молиме внесете го точното копче со употреба на
виртуелната тастатура. Можете да ја употребите оваа
тастатура со копчињата со стрелки и копчето OK на
далечинскиот управувач.
Почекајте додека IP адресата не се појави на екранот.
Ова значи дека врската е воспоставена.
За да се
исклучите од безжична мрежа, обележете
Network Type и притиснете го левото или десното
копче за да го поставите како Disabled.
Обележете Internet Speed Test и притиснете го
копчето OK за да ја проверите брзината на вашата
интернет врска. Обележете Advanced Settings
и притиснете го копчето OK за да го отворите
менито со напредни поставувања.
Употребете
ги нумеричките и копчињата со стрелки за да го
извршите поставувањето. Притиснете го копчето OK
за да ги зачувате поставувањата кога ќе завршите.
Други информации
Статусот на врската ќе биде прикажан како Connected
или Not Connected и тековната IP адреса ако врската
биде воспоставена.
Поврзување со вашиот мобилен уред преку
безжична мрежа
• Ако вашиот уред има карактеристика за безжична
мрежа, можете да го поврзете со вашиот
телевизор преку рутер за да пристапите до
содржината на вашиот уред. За оваа цел, вашиот
мобилен уред мора да има соодветен софтвер за
споделување.
• Поврзете се со вашиот рутер со следење на
чекорите наведени погоре во
делот Безжична
поврзливост.
• Потоа поврзете го вашиот мобилен уред со рутерот
и потоа активирајте го софтверот за споделување
на вашиот мобилен уред. Потоа изберете ги
датотеките што сакате да ги споделите со вашиот
телевизор.
• Ако врската се воспостави соодветно, ќе можете
да пристапите до споделените датотеки од
вашиот мобилен
уред преку Media Player на
вашиот телевизор.
• Влезете во менито Media Player и на екранот ќе
се прикаже изборот за пуштање на уред. Изберете
го вашиот мобилен уред и притиснете го копчето
OK за да продолжите.
• Ако е достапна, можете да симнете апликација
за виртуелен далечински управувач од серверот
на провајдерот на
апликации за вашиот мобилен
телефон.
Белешка: Оваа карактеристика може да не е
поддржана на сите мобилни уреди.










